Енрике Иглесијас
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Енрике Иглесијас Enrique Iglesias | |
---|---|
Основни податоци | |
Родено име | Енрике Мигел Иглесијас Прејслер |
Роден(а) | 8 мај 1975 Мадрид, Шпанија |
Жанр(ови) | поп, латино- поп, Р&Б |
Занимање/ња | пејач, музичар, модел, глумец |
Инструменти | вокал |
Години на активност | 1995–досега |
Продукциска куќа/ќи | Interscope Records |
Мрежно место | www.enriqueiglesias.com |
Енрике Мигел Иглесијас Прејслер (Мадрид, 8 мај 1975) (шпански: Enrique Miguel Iglesias Preysler) е шпански пејач.
Иглесијас е син на познатиот шпански пејач Хулио Иглесијас и филиписката манекенка Изабел Прејслер. Има тројца - браќа Хулио Хосе, Михаел Александар и Родриго, како и три сестрин - Чабели, Тамара и Ана. Негова партнерка беше и руската тенисерка Ана Курникова, но подоцна се разведоа.
Енрике Иглесијас станува познат многу млад со албумот на шпански јазик (Enrique Iglesias, 1995). Со тој албум добива „Греми“ за најдобар шпански изведувач.[1]. Подоцна кариерата ја продолжува со албумите „Vivir“ (1997), „Cosos Del Amor“ (1998), а подоцна почнува да издава албуми и на англиски - „Enrique“ (1999), „Escape“ (2001), „Quizas“ (2002).
Животопис
[уреди | уреди извор]Ран живот
[уреди | уреди извор]Иглесијас е роден во Мадрид, Шпанија, како трето и последно дете на пејачот Хулио Иглесијас и светски познатата новинарка Изабел Прејслер. Неговата мајка е со филипинско потекло, а неговиот татко е Галисиски Шпанец со еврејско потекло. Неговите родители се разведуваат во 1978 година, а веќе следната година Хулио се преселува во Мајами, Флорида за да продолжи со својата музичка кариера. Во 1985 година, дедото на Енрике Иглесијас, д-р Хулио Иглесијас Пуга бил киднапиран од страна на терористичката група ЕТА. За нивната безбедност, Енрике и неговиот брат Хулио Иглесијас Џуниор биле испратени да живеат со својот татко во Мајами. Тој исто така една година живеел и во Белград, Србија, со мајка му, кој работела таму како новинар. Бидејќи заради кариерата неговиот татко постојано патуваше, младиот Иглесијас беше израснат и за него се грижеше семејната дадилка. Тој го посетуваше училиштето Gulliver Preparatory, а потоа студираше бизнис на Универзитетот во Мајами. Иглесијас не сакаше неговиот татко да знае за неговите планови за музичка кариера и не сакаше неговото познато презиме да му помогне во кариерата. Тој позајмуваше пари од дадилката за да сними демо лента на која ќе има една шпанска песна и две англиски песни. Контактирајќи го поранешниот промотер на неговиот татко, Fernan Martinez, промовираа две песни под сценското име Enrique Martinez, нагласувајќи дека тоа е непознат пејач од Гватемала. Иглесијас склучи договор со издавачка куќа наречена Fonovisa. Потоа го напушти Универзитетот и замина во Торонто за да го сними својот прв албум.
Музичка кариера
[уреди | уреди извор]1995-1997 Енрике Иглесијас На 12 јули 1995, Иглесијас го издава својот прв албум насловен како „Енрике Иглесијас“, колекција од лесни рок балади, вклучувајќи и мега-хитови како "Si Tú Te Vas", "Experiencia Religiosa", и др. Беа продадени половина милион копии уште во првата недела, што беше ретко остварување во тоа време за албум кој не е снимен на англиски јазик. Неговата песна " Por Amarte" беше вклучена во теленовелата Marisol, но со одредени измени: наместо на Por amarte daría mi vida (Да те сакам, би го дал и мојот живот), зборовите беа Por amarte Marisol, moriría (Да те сакам , Марисол, јас би умрел). Исто така се појавија и италијански и португалски изданија на албумот, со повеќе песни преведени на тие јазици. Пет синглови кои се наоѓаа на овој албум, како на пример "Por Amarte", "No Llores Por Mí" и "Trapecista" беа на врвот од Латинските музички листи. Албумот му ја донесе на Иглесијас „Греми" наградата за најдобар Латински поп настап.
1997-1998: Vivir
Во 1997 година, ѕвездата Иглесијас продолжи да расте со пуштањето во продажба на Vivir (То Live), албум што го стави во трка со другите изведувачи кои продаваа албуми на англиски јазик. Албумот, исто така, во себе ја вклучува песната "Only you", во превод на шпански како " Solo en Tí ". Тоа лето беше насочен кон концерти на стадиони кои се одржаа низ шеснаесет различни земји и кои беа распродадени до последно место, а како негови гости на концертите се појавуваа Elton John, Bruce Springsteen и Billy Joel. Започнувајќи ја турнејата во Одеса, Тексас, продолжи три непрекинати ноќи во Plaza de Toros во Мексико, две непрекинати ноќи во салата Auditorio Coca Cola во Монтереј и две во Estadio River Plate во Буенос Аирес, Аргентина, како и деветнаесет арени во САД. Три синглови од албумот Vivir ("Enamorado Por Primera Vez", "Sólo en Ti" и "Miente") беа на врвот на Латинските сингл листи, како и на неколку во државите од шпанското говорно подрачје. Заедно со својот татко и Luis Miguel, Иглесијас е номиниран за Американската музичка награда во категорија за Омилен Латински изведувач. Порано беше објавено дека постариот Иглесијас ќе ја напушти салата ако тој не добие награда. Иглесијас беше поразен од неговиот татко, но ја исполни песната "Lluvia Cae".
1998-1999: Cosas del Amor
Во 1998 година, Иглесијас го издаде својот трет албум, Cosas del Amor (Things of Love). Заемајќи позрел музички правец, албумот, потпомогнат од популарните синглови "Esperanza" и "Nunca Te Olvidaré" и двата беа на врвот на листите за Латински синглови, му помогнаа да го зацементира неговиот статус на Латинската музичка сцена. Иглесијас направи кратка турнеја на помали стадиони за да го промовира излегувањето на албумот, од кои онаа од Акапулко, Мексико беше директно пренесувана на телевизија. Ова беше проследено со поголема светска турнеја на над осумдесет настапи на уште поголеми простори. Cosas del Amor турнејата беше првата концертна турнеја воопшто спонзорирана од страна на McDonald's. Тој ги победи Рики Мартин и Los Tigres del Norte на Американските музички награди во категоријата за Омилен Латински изведувач. Песната "Nunca te Olvidaré" беше исто така искористена како тема во шпанската сапунска опера со истото име и тој се појави и ја отпеа песната во последната епизода од серијата. 1999-2000: Enrique
До 1999 година, Иглесијас веќе имаше успешна кариера на музичкиот пазар од англиското говорно подрачје. Благодарение на други успешни премини, особено оној на Рики Мартин, Латино уметниците имаа голем пораст во популарност во мејнстрим музика. Иглесијас придонесе и со изведбата на саундтрак-от за филмот во кој глумеше Вил Смит, Див Дивиот Запад, Bailamos, кој стана број еден хит во САД.
По успехот на "Bailamos", неколку главни дискографски куќи имаа голема желба Енрике да потпише договор со нив. Со потпишување на договорот за издавање на повеќе албуми, по повеќенеделни преговори со Interscope, Иглесијас снима и издава свое прво CD на англиски јазик, со наслов Енрике. За поп албумот, делумно со Латинско влијание, требаше два месеци за да се комплетира и содржеше дует со Витни Хјустон, се нарекува "Could I Have This Kiss Forever" и песната на Брус Спрингстин "Sad Eyes". Третиот сингл од албумот, "Be With You", стана негов втор број еден.
Последниот сингл од албумот беше песната „You're My Number 1“, повторно снимен и издаден како дует со локалните артисти - Alsou во Русија, Sandy & Junior во Бразил и Valen Hsu во Азија.
2001-2002: Escape
Иглесиjас во 2001 година го издаде албумот Escape. Повеќето изведувачи од Латинска Америка искусија некои потешкотии во продажбата на нивните први албуми на англиски јазик, но Иглесијас немаше такви проблеми. Првиот сингл на албумот, "Hero", стана број еден хит во Обединетото Кралство, и во многу други земји. На целиот албум Иглесијас се јавува како соавтор.
Досега, Escape е неговиот најголем комерцијален успех. Сингловите "Еscape" и "Don't Turn Off The Lights" станаa радио хитови, котирајќи високо во Северна Америка и на други места. Второто издание на албумот беше издадено исто така на меѓународно ниво и содржеше нова верзија на една од омилените песни на Енрике, "Maybe", како и дуетот со Лајонел Ричи наречен "To love a woman".
Иглесијас капитализира од успех на албумот со својата " One-Night Stand" светска турнеја која се состоеше од 50 распродадени настапи во 16 земји. Вклучувајќи го настапот во Radio City Music Hall и три последователни настапи во Лондонската Royal Albert Hall, турнејата заврши со големо шоу на националниот стадион Lia Manoliu во Букурешт, Романија. Концертот го снимаше MTV Романија, со видео за "Love to See You Cry", кое ќе биде прво прикажано на каналот.
Вториот дел од турнејата "Don't Turn Off The Lights" беше комплетиран летото 2002 година, со два распродадени концерти во Madison Square Garden и уште два во National Auditorium во Мексико. Турнејата заврши со шоу на Роберто Клементе стадионот во Сан Хуан, Порторико.
2002-2003: Quizás
Во 2002 година, Иглесијас го издава четвртиот албум на шпански јазик, под наслов Quizás (Perhaps). Албум продукциски поиздржан од неговите претходни шпански албуми и кој содржи повеќе интроспективни песни, насловната песна на албумот е во врска со заладените односи на Иглесијас со својот познат татко.
Албумот дебитираше на 12 место на листата Billboard 200 албуми, највисок пласман на еден албум на шпански јазик во тоа време. Quizás се продаде во еден милион копии за една недела, правејќи го најбрзо продаваниот албум на шпански јазик во тие 5 години. Трите синглови од албумот завршуваат на врвот на листите на Латино синглови, давајќи му на Иглесијас вкупно 16 број еден позиции на листите.. Тој во моментов го држи рекордот за најголем број еден синглови на Латино билбордите. Неговиот последен сингл од албумот, "Para Que La Vida", достигна слушаност од еден милион пати на Американското радио, единствената песна на шпански јазик што успеала да го стори тоа.
Спотот за песната "Quizás" е првиот спот на шпански јазик кој е додаден кон селекцијата на популарното MTV шоу Total Request Live. Иглесијас ја изведе песната на The Tonight Show со Jay Leno, со што стана првиот кој испеа шпанска песна во тоа шоу, со што ги отвори вратите и за други уметници како што се Рики Мартин, Juanes и Jorge Drexler. Иглесијас ги вклучи песните од Quizás во неговата Don't Turn Off the Lights турнеја, а албумот ја освои Латинската Греми награда за најдобар поп албум.
2003-2004: 7
Во 2003 година, Иглесијас го издаде својот седми албум, кој тој го наслови 7 (Седум), вториот на кој се појавува како соавтор. Помеѓу повеќето материјали, се појавува и песната "Roamer" која тој ја напишал со неговиот пријател и долгогодишен гитарист, Tony Bruno. На CD-то, исто така ја има и песната "Be Yourself", песна за независност (рефренот говори за тоа како родителите на Иглесијас не веруваа дека ќе успее некогаш во својата кариера). Првиот сингл беше песната "Addicted", а потоа следуваше ремиксот на песната " Not in Love ", во кој се појавува и Kelis.
Со овој албум, Иглесијас замина на својата најголема светска турнеја дотогаш. Турнејата со висок публицитет започна со дванаесет концерти во САД завршувајќи во Хјустон и потоа продолжи во неколку земји, од кои во повеќето тој никогаш не бил претходно. Настапуваше во распродадени арени и стадиони во Австралија, Индија, Египет и Сингапур пред да ја заврши неговата турнеја во Јужна Африка.
2004-2006: Активности по албумот „Седум“
Додека снима нов материјал Иглесијас обично ги запоставува јавните настапи, но во текот на овој период тој направи голем број на гостувања во медиумите. Тој беше гостин на ток-шоуто на Опра Винфри, изненадувајќи еден од неговите обожаватели и поминувајќи го денот со него. Тој, исто така се појавил на Premios Juventud и беше музички гостин на телевизиското шоу на Диего Марадона во Аргентина и неколку дена подоцна настапи на Божиќниот концерт во поддршка на Специјалната Олимпијада.
Иглесијас, исто така, присуствуваше на различни промотивни настани за брендот Tommy Hilfiger и парфемот за мажи наречен True Star. Енрике се појави во рекламата за парфемот со песната "Ring My Bells ", која беше песна на неговиот претстоен албум. Иглесијас, исто така, се појави на финалето на Extreme Makeover: Home Edition пеејќи ја песната " Somebody's Me ".
Исто така, настапи на оф-концерти во Италија, Уругвај и Израел, како и настапот за MTV во Малага, како и серија на концерти во САД. На турнејата под наслов "For the Fans Tour" беа изведени песни од постар репертоар, како и нови песни на англиски и шпански. Иглесијас се појави на 7 мај 2007 г. во серијата на CBS „Два и пол мажи" како Фернандо, помошникот.
2007-2008: Insomniac
Иглесијас го издаде својот нов албум Insomniac на 12 јуни 2007 година. Албумот беше со тој наслов бидејќи во голем дел беше сниман ноќе. Албумот имаше посовремени поп стил од неговите претходни албуми. Песните кои го одбележаа албумот беа "Push", со раперот Lil 'Wayne, како и "Ring My Bells"и "Tired of Being Sorry".
Потоа следуваше синглот "Somebody's Me", кој беше на американскиот континент. Песната беше пуштана на АС радиото и се искачи високо на листите, каде што, исто така, се наоѓа и верзијата на шпански јазик. Во Европа, вториот пуштен сингл беше " Tired of Being Sorry ", кој добро помина во многу земји, а од таа песна беше снимена и француска верзија со француската пејачка Nâdiya која беше број 1 во Франција во времетраење од една недела.
На 4 јули, Енрике Иглесијас стана првиот уметник од западот во последните три децении кој имал концерт во живо во Сирија, кога настапи пред толпа од 10.000 луѓе во главниот град Дамаск, а во истата недела настапи и на Live Earth концертот.
Insomniac светската турнеја започна во Јоханесбург, Јужна Африка, исто место каде што ја заврши својата последна светска турнеја што го однесе низ распродадените арени ширум Европа. Тоа беше неговата прва турнеја низ арената во Велика Британија на места како Men арената во Манчестер и Вембли Арената во Лондон. Турнејата заврши со жив настап на Иглесијас во новоотворената арена во LA Live. Втората половина од турнејата го однесе низ Латинска Америка од Мексико до Аргентина.
А соло верзија на "Push" е додадена на саундтракот на филмот “Step Up 2“. Песната се смета за трет сингл од албумот. Музички спот беше снимен во кој учествуваа глумците од филмот. И покрај тоа што никогаш официјално не беше претставена како радио хит, песната се појави на врвот од листите на слушаност на радијата во неколку земји и е една од неговите највисоко ценети песни меѓу обожавателите.
Песната на Енрике "Can you hear me" е избрана за официјална песна на УЕФА Европското првенство во 2008. Тој ја изведува песната во живо на 29 јуни 2008 година, на финалето во Виена, Австрија. Песната беше ре-издадена на албумот Insomniac.
2008 1 95/08
Енрике објави Greatest Hits албум на шпански на 25 март 2008 кој ги вклучуваше неговите седумнаесет број 1 Hot Latino песни, плус две нови песни. Првиот сингл е песната "Dónde Están Corazón", кој е напишан од аргентинската ѕвезда Coti и стана осумнаесетти број 1 сингл на Билбордите за Латински песни. Албумот дебитираше на 1 место на Билбордите за Латински албуми и на 18 на Билборди за најдобри 200 албуми. Тоа беше вториот шпански албум на Енрике кој дебитира во првите 20 на Билбордите од топ 200 албуми (Quizás дебитираше на 12 место во 2002). Албумот од неодамна е со двојно платинест тираж во САД и во некои земји од Латинска Америка.
Вториот сингл на албумот Lloro Por Ti беше службен ремикс заедно со Wisin y Yandel и исто така достигна 1 место. Иглесијас направи турнеја низ САД, која ја започна во Laredo, Тексас и ја завршува на Izod Center во Њу Џерси. Во поголем дел од турнејата го придружуваше Bachata band Aventura бендот со кој ја исполни "Lloro Por Ti" на Premios Juventud.
Иглесиас беше изненадување на вечерта доделувањето на Lo Nuestro наградите, отворањајќи го настанот со Dónde Están Corazón" and "Dimelo. Тој, исто така настапи и на додечувањето на Латинските музички награди, каде што доби специјална награда.
2008: Greatest Hits
По успехот на неговата компилација на шпански Greatest Hits, Иглесиас објави компилација од неговите хитови и на англиски јазик на 11 ноември. Во албумот беше вклучена и песната "Can you hear me", како и две нови песни. Првиот сингл беше насловен како "Away", исполнет заедно со Sean Garrett, по што следуваше и "Takin' Back My Love" со Ciara. Компилацијата содржи англиски хит песни како "Bailamos", "Hero", "Be with you", "Not in love" и "Escape", кои беа на врвот на различни Билборд рангирања (од кои две на Hot 100), како и песни како “Rhythm Divine”, “Tired Of Being Sorry” и “Do You Know”, кои исто така се најдоа на врвот листите во Европа.
По успешната соработка со Nadiya, Иглесијас сними втор дует со неа со наслов"Miss You", кој беше вклучен на DeLux верзијата на албумот.
Албумот дебитираше на 3 место на официјалната UK список на албуми и се продаде во над 80.000 копии во првите 2 недели.
Енрике беше добитник на двете Светски музички награди во категориите на „Најдобро продаван Латински изведувач" и „Најдобро продаван Шпански артист", на церемонијата одржана во Монако на 9 ноември 2008.
Тековни активности
Иглесијас привршува со снимањето на новиот албум кој ќе биде објавен во третиот или четвртиот квартал на 2010 година. Тој ќе биде половина на англиски јазик, а половина на шпански. На поголем дел од материјалот Иглесијас се јавува како автор или соавтор. На албумот ќе има најмалку четири соработки со други артисти, вклучувајќи и една со Wisin & Yandel, Akon. Друга потврдена соработка е со Хуан Луис Гуера. На албумот, кој е во продукција на RedOne, Mark Taylor и долгогодишниот соработник Carlos Jaucar, ќе има помеѓу 14 и 17 песни. Од овие, во овој момент само првиот сингл ќе биде преведен.
Иглесијас, исто така ја донираше It must be love, за да се соберат средства за жртвите на земјотресот на Хаити. Песната е предадена во сопственост на Music For Relief, која е добротворна организација основана од страна на Linkin Park.
На 1 февруари Енрике учествуваше во снимањето на римејкот на класикот We are the World, заедно со други познати музички уметници. Песната и спотот имаа премиера на 12 февруари на отворањето на Зимските олимписки игри и приносите од песната отидоа како средства и помош на жртвите од земјотресот во Хаити.
Пишување на текстови, продукција и глумење
Иглесијас соработуваше со текстописец Guy Chambers за да се напише "Un Nuovo Giorno", водечкиот сингл од првиот поп албум на Andrea Bocelli. Песната подоцна беше преведена на англиски како "First Day of My Life" и снимена од Спајс девојката Melanie C. Песната оттогаш стана огромен хит низ цела Европа, а се појавуваше и на прво место на плеј листите во голем број земји. Иглесијас, исто така, го напиша синглот "The way" на Clay Aiken, момчето кое освои второ место на American Idol. Четири песни на кои Иглесијас се јавува како соавтор се составен дел од албумот на бендот од Велика Британија, The Hollies. Многупати Иглесијас има изјавено дека ако треба тој некогаш да се пензионира, тогаш сака да пишува и создава песни за други изведувачи.
Во 2000 година, Иглесијас беше ко-продуцент на Бродвејскиот мјузикал наречен Four Guys Named Jose and Una Mujer Named Maria. Во мјузиклот се среќаваат четворица Американци со Латинско потекло и се одлучуваат да направат шоу. Шоуто содржеше голем број на препораки и алузии на многу класични и современи латински поп песни на Carmen Miranda, Selena, Richie Valens, Santana, Ricky Martin и секако на самиот Иглесијас.
Иглесијас, исто така развил интерес и за глумата, глуми заедно со Антонио Бандерас, Селма Хајек и Џони Деп во филмот на Роберт Родригес „Беше еднаш во Мексико“, во кој ја играше улогата на Лоренцо. Во 2007 година, тој имаше камео улога во ТВ-комедијата Two and a Half Men, глумејќи со Чарли Шин. Тој вели дека би глумел повторно доколку му бидат дадени мали улоги, пред сè заради неговите музички обврски.
Тој, исто така гостуваше како Гаел, Аргентински сурфер, масажер и терапевт во ТВ шоуто на CBS, How I met your mother.
Иглесијас, исто така, одигра дел како лош римски цар во амбициозна телевизиска реклама за „Пепси", кој ја спонзорира неговата последна светска турнеја. Тој глумеше заедно со ѕвездите Britney Spears, Beyoncé и Pink. Исто така, се појави и во рекламите за Doritos и за часовниците Viceroy.
Приватен живот
Од почетокот на неговата кариера Иглесијас е поврзуван со многу жени, иако тешко е да се знае кои озборувања се вистински и кои се измислици. Најмногу е поврзуван со Sofia Vergara, Samantha Torres, а јавно се забавуваше со Alicia Machado на краток период. Откако почна да снима песни на англиски јазик, тој многу беше поврзуван во медиумите со Christina Aguilera и подоцна со Jennifer Love Hewitt, со која останаа пријатели и една година подоцна таа глумеше во музичкиот спот Hero.
Шест години беше познато на јавноста дека е со тениската ѕвезда Anna Kournikova, која ја запозна на снимањето на неговиот спот Escape. Имаше многу гласини во 2007 година за и околу нивното наводно разделување, а во 2008 година, откако Енрике се пошегува во јавноста за таа ситуација, некои го обвинија дека биле венчани и потоа разведени. Енрике изјави во интервјуата после тоа дека тоа е само шега, а тие се сè уште заедно.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|