Прејди на содржината

8 мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< мај >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04
05 06 07 08 09 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31
2024

8 мај — 128-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (129-и во престапна година). Остануваат 237 денови до крајот на годината.

Настани:

1886  Фармацевтот Џон Стит Пембертон го изумил газираниот пијалак подоцна наречен „Кока-Кола“.
1898  Одиграни се првите натпревари од Италијанската фудбалска лига, започната од англиски доселеници
1902  На Мартиник избувнал вулканот Монт Пеле и го уништил градот Сен Пјер, убивајќи над 30.000 луѓе. Само неколку жители преживеале.
1921  Во Шведска е укината смртната казна.
1945  Втора светска војна: Нацистичка Германија капитулира.
1992  Република Филипини ја призна Република Македонија.
1995  Република Македонија и Република Сингапур воспоставиле дипломатски односи.

Родени:

1828  Жан Анри Динан — швајцарски филантроп, основоположник на Црвениот крст и на Женевските конвенции.
1858  Руџеро Леонкавало — италијански композитор.
1884  Хари Труман — 33. претседател на САД.
1899  Фридрих фон Хајек — австриско-британски економист, добитник на Нобеловата награда.
1903  Фернандел — француски глумец.
1906  Роберто Роселини — италијански режисер.
1911  Роберт Џонсон — американски блуз-музичар.
1914  Глигор Смокварски — македонски композитор, кларинетист и музиколог.
1916  Жоао Авеланж — претседател на ФИФА од 1974 до 1998 година.
1926  Дејвид Атенборо — британски природонаучник и документарист.
1933  Џемаил Максут — македонски театарски и филмски глумец.
1935  Џек Чарлтон — англиски фудбалер.
1937  Томас Пинчон — американски писател.
1945  Кит Џерет — американски џез-музичар.
1951  Мајк Д'Антони — италијанско-американски кошаркарски тренер.
1951  Крис Франц — американски рок-музичар, член на групата Токинг хедс (Talking Heads).
1954  Џон Мајкл Телбот — американски пејач.
1957  Масимо Урбани — италијански џез-музичар.
1960  Реџеп Акдаг — министер за здравство на Турција.
1960  Франко Барези — италијански фудбалер.
1960  Владимир Пиштало — српски писател.
1970  Луис Енрике — шпански фудбалер и тренер.
1975  Енрике Иглесијас — шпански пејач.
1977  Тедорос Папалукас — грчки кошаркар.
1978  Лусио — бразилски фудбалер.
1981  Андреа Барѕаљи — италијански фудбалер.
1985  Александар Каун — руски кошаркар.
1986  Дарко Соколов — македонски кошаркар.
1989  Беноа Пер — француски тенисер.
1990  Кемба Вокер — американски кошаркар.
1999  Ребека Андраде — бразилска гимнастичарка.
1999  Џанан Муса — босански кошаркар.
2000  Сандро Тонали — италијански фудбалер.

Починале:

615  Бонифациј IV — римски папа.
685  Бенедикт IIримски папа.
1794  Антоан Лавоазје — француски хемичар.
1873  Џон Стјуарт Мил — англиски филозоф и економист
1880  Гистав Флобер — француски писател.
1891  Мадам Блаватска — основач на теозофијата и Друштвото на теозофи.
1903  Пол Гоген — француски сликар.
1905  Јосип Јурај Штросмајер — хрватски римокатолички епископ, добродетел и политичар.
1907  Захариас Пападас — деец на грчката вооружена пропаганда.
1925  Тодор Паница — бугарски револуционер.
1945  Насте Сотироскипартизан од Македонија.
1977  Тодор Павлов — бугарски комунист.
1982  Жил Вилнев — канадски автомобилист.
1983  Џон Фанте — американски писател.
1999  Дирк Богард — англиски глумец.
2012  Морис Сендак — американски писател за деца и илустратор.
2022  Фред Ворд — американски глумец.
2024  Денис Томпсон — американски рок-музичар, член на групата MC5.

Празници:

Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Свети Евангелист Марко, кој, според традицијата, се жртвувал за Христа на денешен ден во 68. година во Александрија.