Желиште
Желиште | |
Координати 41°22′58″N 21°49′57″E / 41.38278° СГШ; 21.83250° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Раец |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 11020 |
Надм. вис. | 915 м |
Желиште[2] или Желишта[3] — историско село на територијата на Општина Кавадарци, денес во атарот на селото Кесендре.[2]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало во областа Раец, кај изворите на Желишка Река. Лежело западно под падината на Бурински Рид, јужно од селото Кесендре.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Селото е доста старо. За првпат се спомнува во грамота на феудалните владетели Јован Драгаш и Константин Драгаш од 1378 година: и єштє приложихъ оу Тиквєшоу... сєло Полошко,... сєло Жєлишта.[3] Турците го нарекувале „Девол Касабаси“. Уништено е од османлиска војска во една буна во средината на XVIII век. Преживеаните жители се преселиле претежно во Кесендре. Во 1920-тите во с. Никодин е забележан родот Новоселци (9 куќи) кој се доселил од Желиште.[4]
Кај изворот на Желишка Река е наоѓалиштето Црквиште каде има населба и некропола од доцната антика.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Ќесендре“. Општина Кавадарци. Архивирано од изворникот на 14 јуни 2021. Посетено на 20 јули 2024.
- ↑ 3,0 3,1 Дуриданов, Иван (1996). Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. София: Македонски научен институт. стр. 173. Занемарен непознатиот параметар
|заглавие=
(help) - ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
|