Маково
Маково | |
Поглед на селото од патот за Орле | |
Координати 41°7′6″N 21°36′33″E / 41.11833° СГШ; 21.60917° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Новаци |
Област | Мариово |
Население | 26 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7000 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02074 |
Надм. вис. | 700 м |
Маково на општинската карта Атарот на Маково во рамките на општината | |
Маково на Ризницата |
Маково — село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола. Селото се смета за влезна порта на Битолско Мариово.
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]За името на селото постои легенда, според која името на селото доаѓа по првиот жител, Маке или Мако.[2]
За името на селото постои и легенда која кажува за еден човек кој имал три сина. Тројца ги паселе своите стада овци и кози на денешната местоположба на трите села Маково, Рапеш и Брник. Оној што ги пасел овците на местоположбата на денешното Маково бил на голема мака, па оттаму и Маково.[2]
Како друго објаснување за името на селото се дава и можноста тоа да потекнува бидејќи мештаните одгледувале мак („афион“) на овие простори.[3]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, речиси на самиот срт на Селечка Планина. Маково се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Новаци.[4] Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри. Од градот Битола е оддалечено 29 километри,[4] додека од општинското средиште Новаци е оддалечено 18 километри.[2]
До селото се стигнува преку регионалниот пат 1311, кој води за сите села од Битолско Мариово и е асфалтиран и во добра состојба.[4]
Маково е всушност првото мариовско село, сместено веднаш после превојот Преслап кој е влезна порта на овој дел од Мариово. Селото се наоѓа веднаш по преслапот во своја мала котлина, наречена Маковска Котлина.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Маково многу настрадало за време на Првата светска војна.[5]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот зафаќа простор од 26,5 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.409 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 954 хектари, а на шумите отпаѓаат 185 хектари.[4]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[4]
Во 1932 година била отворена кооперација на стока.[5]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Маково живееле 286 жители, од кои 280 Македонци и 6 Роми.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Маково имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Маково се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 39 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[9]
Маково било средно по големина село, но по пат на емиграција преминало во мало село. Така, во 1961 година имало 515 жители, а во 1994 година 98 жители, македонско население.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Маково живеел 71 жител, сите Македонци.[10]
Денес, според неслужбени информации од 2008 година во селото живееле 50 жители, додека во 2018 година имало помалку од 10 постојани жители.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 26 жители, од кои 19 Македонци, 1 останат и 6 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 286 | 320 | 409 | 455 | 515 | 390 | 319 | 114 | 98 | 71 | 26 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Бројот на иселени лица од Маково е над 400 жители. Најголем од нив се иселиле во градовите Битола и Скопје, како и во прекуокеанските земји и во Европа.[2]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Поранешно основно училиште
- Месна заедница
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Маково било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Старавина.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Мариово.
Во периодот 1950-1955, селото било седиште на тогашната Општина Маково, во која покрај селото Маково, се наоѓале и селата Брник, Ивени, Мојно, Орле и Рапеш.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 0179 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месна канцеларија. Во ова избирачко место е опфатено и селото Орле.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 64 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 57 гласачи.[18]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[19]
- Старомаковски Дол — населба од римско време; и
- Римски Гробишта — населба и некропола од доцноантичко време.
- Цркви[2]
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — главната селска црква, подигната најпрвин во 1860 година; и
- Црква „Св. Петка“ — манастирска црква, подигната во 2002 година.
- Манастири
- Маковски манастир — понов манастир во самото село.
- Други верски места
- Параклис во самото село
- Остатоци на црква во самото село, покрај главниот пат
- Реки
- Маковска Река — река низ селото
-
Остатоци од црквата
-
Остатоци од црквата
-
Остатоци од црквата
-
Маковски манастир
-
Главната селска црква
-
Манастирската црква
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Слави[2]
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во или по потекло од Маково
- Пешко Младенов — војвода на МРО
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Во селото се снимале неколку филмски проекти. Две години во селото престојувала филмска екипа од Турција, која ја снимала турската серија „Збогум Румелија“. Подоцна, во селото се снимал и македонскиот филм „До балчак“ од режисерот Стале Попов.[20]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на селото
-
Куќи во селото
-
Поглед на селото
-
Панорамски поглед
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-12-01. Посетено на 2021-11-23.
- ↑ „Маково ®“. www.mariovo.mk. Посетено на 2021-11-23.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 187. Посетено на 23 ноември 2021.
- ↑ 5,0 5,1 „Село Маково“. www.novaci.mk. Посетено на 2021-11-23.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 245
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 ноември 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 23 ноември 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 36. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Ангелковa, Љубица (2021-03-11). „Маково - порта за Мариово“. No Man's Land. Архивирано од изворникот на 2021-11-23. Посетено на 2021-11-23.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|