Прејди на содржината

Тибетска Висорамнина

Координати: 33°N 88°E / 33° СГШ; 88° ИГД / 33; 88
Од Википедија — слободната енциклопедија
Топографска карта на Тибетската Висорамнина
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Азија2" does not exist|300px|Тибетска Висорамнина во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Азија2" does not exist]]
Местоположба на Тибетската Висорамнина во Азија

Тибетска Висорамнина (тибетски: བོད་ས་མཐོ།Вајли: bod sa mtho; кинески: 青藏高原, пинјин: Qīngzàng Gāoyuán = „Ќингцаншка Висорамнина“) — голема висорамнина во Централна[1][2][3][4] или Источна Азија[5][6][7][8] што го опфаќа најголемиот дел од автономниот регион Тибет и покраината Ќингхај во Западна Кина, како и делови од Ладак во сојузната држава Џаму и Кашмир, Индија. Се протега во должина од околу 1.000 км од север на југ и 2.500 км од исток на запад. Има просечна надморска височина преку 4.500 м, а зафаќа површина од 2.500.000 км2.[9] На неа се сместени изворите и сливовите на највеќето реки во околните региони. Има десетици илјади ледници и други географско-еколошки елементи што служат како водоснабдувач и одржувач на речните сливови. Денес се вршат бројни истражувања за влијанието на глобалното затоплување врз висорамнината.[10]

Висорамнината е обиколена со големи планински венци.[11] На југ, тоа се Хималаите, на север е венецот Кунлун кој ја двои од Таримската Котлина, а на североисток е масивот Чилиен кој ја двои висорамнината од коридорот Хесји и пустината Гоби. На исток и југоисток теренот станува шумовит, клисурест и гребенест. Тука извираат реките Салуен, Меконг и Јангцекјанг (венец Хенгдуан). На запад се протега високиот венец Каракорум во северен Кашмир.

Будистичка ступа и куќи кај Аба (Нгава).

На север висораминната се закосува надолу и се спушта од 5000 до 1500 м надморска височина во растојание помало од 150 км. Долж косината има венци. На запад е Кунлун, што ја двои од Таримската Котлина. На половина од растојанието во котлината, граничниот венец преоѓа во Алтинтаг и Кунлун. Делницата што се образува има облик на „V“ во западниот дел на котлината Цајдам. Алтинтаг завршува кај превојот Данџинг, на патот од Дунхуанг за Голмуд. На запад се расположени кратките венци Дангхе, Јема, Шуле и Тулај Нан. Најисточниот дел го сочинува венецот Чилиен. Низата од планини продолжува на исток од висорамнината, образувајќи го венецот Чин што го двои подрачјето Ордос од покраината Сечуан. На север од планината се Гансу или коридорот Хесји — главната траса на Патот на свилата од Кина кон западните земји.

Висорамнината е висока степа испрекината со венци и големи соленикави езера. Годишното количество на врнежи се движи од 100 до 300 мм, претежно во облик на град. Јужната и источната граница на степата се прекриени со тревни површини, на кои е застапено номадското сточарство во текот на шест месеци во годината (во другата половина, земјата е замрзната). Големи делови од висорамнината се покриени со вечен мраз. Кон север и северозапад, висорамнината постепено станува сè повисока, постудена и посува, за на крај да стигне до зафрлената област Чангтанг во северозападниот дел. Тука просечната надморска височина надминува 5.000 м, а зиме температурата се спушта под −40 °C. Поради суровоста на условите, ова е најретко населеното подрачје во Азија, и трето во светот, по Антарктикот и северен Гренланд.

Геологија и геолошко минато

[уреди | уреди извор]
Јамдрок (Јамџо Јамцо) — едно од трите најголеми свети езера на Тибет.

Хималаите се меѓу најмладите планински венци на светот и се состојат претежно од надигнати седиментни и метаморфни карпи. Според современата теорија на тектоника на плочите, тие настанале поради континенталниот сурид или орогенеза долж приближувачка граница помеѓу Индоавстралиската и Евроазиската Плоча. Ваквите планини се нарекуваат „набрани“.

Судирот почнал во периодот горна креда пред 70 милиони години, а по 20 милиони години Индоавстралиската Плоча сосема се споила со Евроазиската и го затворила океанот Тетис. Преостанатите наноси (седименти) на дното биле лесни, па затоа не навлегле во земјиштето туку се згрутчиле, образувајќи планини. Индоавстралиската Плоча и денес продолжува да се провлекува под Тибетската Висорамнина, што значи дека висорамнината и понатаму расте во височина, околу 5 мм годишно.

Животински свет

[уреди | уреди извор]
Залогорени номадски сточари кај езерото Намцо

Поради висината и малото количество на вржени, висорамнината се одликува со алпска тундра, што дава намалена биоразновидност. Во Тибет живеат волци, диви магариња, жерави, мршојадци, јастреби, гуски, змии и биволи. Од особен интерес е пајакот-скокач од видот Euophrys omnisuperstes, што живее на височина до 6.500 м.[12]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Illustrated Atlas of the World (1986) Rand McNally & Company. ISBN 528-83190-9 стр. 164-5
  2. Atlas of World History (1998 ) HarperCollins. ISBN 0-7230-1025-0 стр. 39
  3. „The Tibetan Empire in Central Asia (Christopher Beckwith)“. Посетено на 2009-02-19.
  4. Hopkirk 1983, стр. 1
  5. Peregrine, Peter Neal and Melvin Ember, etc. (2001). Encyclopedia of Prehistory: East Asia and Oceania, Volume 3. Springer. стр. 32. ISBN 978-0-306-46257-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  6. Morris, Neil (2007). North and East Asia. Heinemann-Raintree Library. стр. 11. ISBN 978-1-4034-9898-4.
  7. Webb, Andrew Alexander Gordon (2007). Contractional and Extensional Tectonics During the India-Asia Collision. ProQuest LLC. стр. 137. ISBN 978-0-549-50627-0.
  8. Marston, Sallie A. and Paul L. Knox, Diana M. Liverman (2002). World regions in global context: peoples, places, and environments. Prentice Hall. стр. 430. ISBN 978-0-13-022484-2.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. „Natural World: Deserts“. National Geographic. Архивирано од изворникот|archive-url= requires |url= (help) на 2006-01-12. Отсутно или празно |url= (help)
  10. Leslie Hook (30 август 20l3). „Tibet: life on the climate front line“. The Financial Times. Посетено на 1 септември 2013. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  11. Yang, Qinye; Zheng, Du (2004). A Unique Geographical Unit. ISBN 9787508506654. Посетено на 2007-08-05.
  12. „Wild China: The Tibetan Plateau“. The Nature of Things. Canadian Broadcasting Company. Посетено на 2013-03-21.
  • Hopkirk, Peter (1983). Trespassers on the Roof of the World: The Secret Exploration of Tibet. J. P. Tarcher. ISBN 0-87477-257-5.
  • Brantingham, P. J. & Xing, G. (2006). Peopling of the northern Tibetan Plateau. World Archaeology. 38. стр. 387–414. doi:10.1080/00438240600813301.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

33°N 88°E / 33° СГШ; 88° ИГД / 33; 88