Прејди на содржината

Волк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Волк
Период: Доцен Плеистоцен–Сегашност
Евроазиски волк (Canis lupus lupus) во Шведска
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Carnivora
Семејство: Canidae
Потсемејство: Caninae
Племе: Canini[2]
Род: Canis
Вид: C. lupus
Научен назив
Canis lupus
Linnaeus, 1758
Подвидови

39 подвидови

Распространетост. Зелено, присутен; црвено, истребен.
Волци во Зоо Скопје.

Волкот (Canis lupus) е најголемиот претставник од семејството кучиња, кој живее во дивина, а предок е на домашниот пес. Иако понекогаш во дивината може да се сретне само еден осамен волк, нормалниот социјален живот на волците се одвива во глутница. Глутницата кај волците по правило се состои од родителски пар и нивните потомци, значи станува збор за семејство. Волците (за разлика од домашните кучиња) полово созреваат дури во втората година од својот живот и за тоа време остануваат со своите родители.

Подигање

[уреди | уреди извор]

Периодот на носење е помеѓу 60 - 63 денови, а во едно легло по правило има помеѓу три и седум (понекогаш се случува и четиринаесет) младенчиња. Минатогодишните волци им помагаат на родителите во подигањето на следната генерација на младенчиња. Во нормални услови, во есен волчјата глутница се состои од родителски пар, нивните младенчиња од претходната година како и младенчињата од тековната година. Со достигнување на половата зрелост, младите волци по правило ја напуштаат територијата на своите родители и тргнуваат во потрага по сопствена територија. Родителите секогаш се доминантни во однос на својот подмладок, според тоа нема борби околу доминацијата.

Основната храна на волците ја сочинуваат големите тревопасни животни, при тоа го ловат оној вид кој е најчест на подрачјето на кое живее. Во северните делови на подрачјето на кое се распространети претежно ловат во глутници ирваси, срни или некој вид на елен. Во нивниот улов во источна Европа спаѓаат и дивите свињи. Редовно ловат и помали глодачи како и зајаци, куни и кртови. Во случај на недостаток на дивеч, волците јадат и мрши како и отпадоци.

Распространетост

[уреди | уреди извор]

Волкот е распространет во Северна Америка, Гренланд, Европа и Азија.

Волкот како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Волкот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Волкот како тема во народното творештво

[уреди | уреди извор]
  • „Глупавиот волк“ - кавкаска народна приказна.[3]
  • „Волкот, свињата и чавката“ - кавкаска народна приказна.[4]
  • „Лисицата му се одмаздила на волкот“ (српски: Лисица се осветила вуку) — српска народна приказна.[5][6]
  • „Лисицата и волкот“ - унгарска народна приказна.[7]
  • „Селанецот, волкот и јагнето“ - македонска народна приказна.[8]
  • „Лисицата и волкот“ - македонска народна приказна.[9]

Волкот како тема во книжевноста

[уреди | уреди извор]
  • „На врвот“ — басна во стихови на Михо Атанасовски.[10]
  • „Сто волци“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[11]
  • „Последната желба“ — басна на Ристо Давчевски.[12]
  • „Волчицата и волчињата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[13]
  • „Волкот, бабата и детето“ - басна на Езоп.[14]
  • „Лавот, волкот и лисицата“ - басна на зоп.[15]
  • „Волкот и овцата“ - басна на Езоп.[16]
  • „Волкот и коњот“ - басна на Езоп.[17]
  • „Волкот и ждралот“ - басна на Езоп.[18]
  • „Волкот и козата“ - басна на Езоп.[19]
  • „Волкот и лавот“ - басна на Езоп.[20]
  • „Волкот и јагнето“ - басна на Езоп.[20]
  • „Волкот и јагнето“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[21]
  • „Волците и кучињата“ - басна на Емброуз Бирс.[22]
  • „Волкот и нојот“ - басна на Емброуз Бирс.[23]
  • „Волкот и бебето“ - басна на Емброуз Бирс.[24]
  • „Волкот и овчарите“ - басна на Емброуз Бирс.[25]
  • „Волкот и жеравот“ - басна на Емброуз Бирс.[26]
  • „Сточарот и волкот“ - басна на Емброуз Бирс.[27]
  • „Волчица“ - расказ на италијанскиот писател Џовани Верга.[28]
  • „Волкот и девојката“ — краток расказ на македонскиот писател Бардил Заими.[29]
  • „Друштво на волци“ - расказ на англиската писателка Анџела Картер.[30].
  • „Волк“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[31]
  • „Волкот и мачорот“ — басна на Иван Андреевич Крилов.[32]
  • „Волчја авантура“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[33]
  • „Песната на волците“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[34]
  • „Волчја сенка“ (српски: Вучја сенка) - песна на српскиот поет Васко Попа.[35]
  • „Волчја сол“ (српски: Вучја со) - поетска збирка на српскиот поет Васко Попа од 1968 година.[36]
  • „Поклонение на Куциот Волк“ (српски: Поклоњење Хромом Вуку) - циклус песни на српскиот поет Васко Попа од збирката „Волчја сол“ (Вучја со) од 1975 година.[37]
  • Волкот и седумте јариња“ – сказна на браќата Грим.[38][39]
  • „Волкот и лисицата“ – сказна на браќата Грим.[38]
  • „Волкот и човекот“ – сказна на браќата Грим.[38]
  • „Кучето и волкот“ — басна на Доситеј Обрадовиќ.[40]
  • „Кучето и волкот“ — басна на Доситеј Обрадовиќ.[41]
  • „Волкот“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[42]
  • „Вечно гладен“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[43]
  • „Нешто за сонцето и стапиците за волци“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.[44]

Волкот како тема во музиката

[уреди | уреди извор]
  • „Страшниот волк“ (англиски: Dire Wolf) - песна на американската рок-група Грејтфул дед (Grateful Dead) од 1970 година.[45]
  • „Брате волк, сестро месечино“ (англиски: Brother Wolf; Sister Moon) - песна од истоимениот албум на британската рок-група Калт (The Cult) од 1985 година.[46]
  • Како ќе преживее ли волкот?“ (англиски: How Will the Wolf Survive? ) - музички албум на американската рок-група Лос лобос (Los Lobos) од 1984 година.
  • „Ќе преживее ли волкот?“ (англиски: Will the Wolf Survive? ) - песна на американската рок-група Лос лобос од 1984 година.[47]
  • „Волкот што живее во Линдзи“ (англиски: The Wolf That Lives In Lindsey) - песна на американската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1979 година.[48]
  • „Волк“ (англиски: The Wolf) — песна на британската рок-група Моторхед (Motö̲rhead) од 1987 година.[49]
  • „Волците умираат сами“ (хрватски: Vukovi umiru sami) - песна на хрватскиот поп-пејач Борис Новковиќ од 2005 година.[50]
  • „И волците излегуваат“ (англиски: ...And Out Come The Wolves) - албум на американската панк-група Ренсид (Rancid) од 1995 година.[51]
  • „Гладен волк“ (англиски: The Hungry Wolf) — песна на американската рок-група X од 1982 година.[52]

Волкот како тема во филмот

[уреди | уреди извор]
  1. Canis lupus. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 22 March 2009. Database entry includes justification for why this species is of least concern.
  2. Macdonald, David; Claudio Sillero-Zubiri (2004). The Biology and Conservation of Wild Canids. Oxford: Oxford University Press. стр. 45–46. ISBN 0198515561.
  3. Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 166-169.
  4. Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 170-176.
  5. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 141-144.
  6. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 251-254.
  7. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 86-88.
  8. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 24-26.
  9. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 33-34.
  10. Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 49.
  11. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 41-43.
  12. Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 42.
  13. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 62.
  14. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 76.
  15. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 90.
  16. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 75.
  17. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 81.
  18. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 83.
  19. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 80-81.
  20. 20,0 20,1 Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 67.
  21. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 9.
  22. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 18.
  23. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 20.
  24. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 24.
  25. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 27.
  26. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 90.
  27. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 93.
  28. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 231-235.
  29. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 193.
  30. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 19-31.
  31. Блаже Конески, Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 59.
  32. Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 25-26.
  33. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 32-33.
  34. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 68.
  35. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 170.
  36. Aleksandar Petrov, „Vasko Popa“, во: Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 198.
  37. Aleksandar Petrov, „Vasko Popa“, во: Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 195-199.
  38. 38,0 38,1 38,2 Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.
  39. Браќа Грим, Сказни, Наша книга, Скопје, 1972, стр. 14-17.
  40. Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 30-31.
  41. Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 31-32.
  42. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 41.
  43. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 55.
  44. Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 175-184.
  45. YouTube, Dire Wolf (пристапено на 30.5.2019)
  46. Discogs, The Cult ‎– Love (пристапено на 13.5.2020)
  47. YouTube, Los Lobos - Will the Wolf Survive? (пристапено на 30.5.2019)
  48. Discogs, Joni Mitchell ‎– Mingus (пристапено на 31.1.2021)
  49. YouTube, Mot̲ö̲r̲h̲e̲ad – R̲o̲ck 'N̲'̲ ̲R̲oll (Full Album) 1987 (посетено на 26.3.2023)
  50. YouTube, Boris Novković - Vukovi Umiru Sami (Official Video) (пристапено на 22.10.2019)
  51. YouTube, Rancid - ...And Out Come The Wolves [1995] (Full Album) (пристапено на 22.8.2017)
  52. X (5) – Under The Big Black Sun (пристапено на 16.12.2023)
  53. „amovie12092 www.allmovie.com“. Архивирано од изворникот на 2013-01-01. Посетено на 2017-04-02.
  54. IMBd, Hour of the Wolf (1968) (пристапено на 8.5.2017)