Прејди на содржината

Шкумба

Координати: 41°2′23″N 19°26′34″E / 41.03972° СГШ; 19.44278° ИГД / 41.03972; 19.44278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шкумба
Изворно имеShkumbin
Местоположба
Физички особености
УстиеЈадранско Море
41°2′23″N 19°26′34″E / 41.03972° СГШ; 19.44278° ИГД / 41.03972; 19.44278
Должина181 км
Особености на сливот
Шкумба во рамките на Албанија
извор
утока
Изворот и утоката на Шкумба

Шкумба или Шкумбин (албански: Shkumbini) — река во централна Албанија што се влева во Јадранското Море. Се смета за поделбена линија на двата дијалекта на албанскиот јазик: тоскискиот на југ и гегискиот на север. Во далечното минато, реката се сметала за најсеверната природна граница со Епир.[1]

Долга е 181 км и извира во планините југозападно од Охридското Езеро, во југозападниот агол на округот Поградец, но и од други потоци од планините во округот Либражд. Реката тече низ градот Либражд. Кај Мураш ѝ се приклучува притоката Рапун.

Реката тече најпрвин на север, па на северозапад, низ Кукуш, Либражд, каде свртува на запад и минува низ Полис, Елбасан (Коњух), Церик, Пекин и Рогожина. На крајот, се влева во Јадранското Море северозападно од Дивјака.

Во подрачјето на Елбасан од реката се разгрануваат каналите „Наум Панџи“ и „Ферас“ кои служат за наводнување на низината кај Церик.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]