2010
< XX век | XXI век | XXII век > | |||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 100 |
Грегоријански календар | 2010 MMX |
Ab urbe condita | 2763 |
Ерменски календар | 1459 ԹՎ ՌՆԾԹ |
Асирски календар | 6760 |
Бахајски календар | 166–167 |
Балиски календар | 1931–1932 |
Бенгалски календар | 1417 |
Берберски календар | 2960 |
Будистички календар | 2554 |
Бурмански календар | 1372 |
Византиски календар | 7518–7519 |
Кинески календар | 己丑年 (зем. вол) 4706 или 4646 — до — 庚寅年 (мет. тигар) 4707 или 4647 |
Коптски календар | 1726–1727 |
Етиопски календар | 2002–2003 |
Еврејски календар | 5770–5771 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2066–2067 |
- Сачка ера | 1931–1932 |
- Кали-југа | 5110–5111 |
Холоценски календар | 12010 |
Игбоански календар | 1010–1011 |
Ирански календар | 1388–1389 |
Исламски календар | 1431–1432 |
Јапонски календар | Хејсеј 22 (平成22年) |
Јавански календар | 1942–1943 |
Џуче-календар | 99 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4343 |
Мингуо-календар | Тајван 99 民國99年 |
Нанакшахи | 542 |
Тајландски сончев календар | 2553 |
Тибетски календар | 阴土牛年 (женска земја-вол) 2136 или 1755 или 983 — до — 阳金虎年 (машко железо-тигар) 2137 или 1756 или 984 |
Униксно време | 1262304000 – 1293839999 |
2010 била десеттата година од третиот милениум и 21 век и прва од 2010-тите.
Обединетите нации, оваа година ја прогласија за Меѓународна година на биоразновидноста. Годината, исто така е прогласена и за Меѓународна година на младоста.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ и Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ и Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2010 година се протега во Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ и Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“, додека според второто гледиште, годината трае во текот на Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ и Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ и Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]јануари
[уреди | уреди извор]- 1 јануари - Шпанија го презеде од Шведска претседателството со Европската унија.
- 1 јануари - во северозападен Пакистан се случија бомбашки напади, при што животот го загубија 95 лица, а 100 лица беа повредени.
- 1 јануари - во данскиот град Орхус, 28-годишен Сомалиец, вооружен со секира и нож, влегол во куќата на карикатуристот Курт Вестергард со намера да го убие, по што данската полиција го ранила, пукајќи во него.
- 4 јануари - највисоката градба изградена од човекот, Бурџ Калифа беше свечено отворена во Дубаи.[1]
- 8 јануари - напад на фудбалската репрезентација на Того.[2]
- 12 јануари - силен земјотрес со магнитуда од 7,0 степени го погоди островот Хиспаниола, разрушувајќи голем дел од главниот град на Хаити Порт о Пренс.[3]
- 15 јануари - во централна Африка, јужна Индија, на Малдивите, Шри Ланка и делови од Кина можеше да се забележи најдолгото затемнување на Сонцето во третиот милениум.[4]
- 18 јануари - Мехмет Али Агџа, кој во 1981 година се обидел да изврши атентат на папата Јован Павле II беше ослободен по 30 години поминати во затвор.[5]
- 25 јануари - авион на компанијата Етиопиан ерлајнс, кој полетал од аеродромот во Бејрут, се урна во Средоземното Море, при што загинаа сите 82 патници и 8 членови на екипажот.
февруари
[уреди | уреди извор]- 3 февруари - скулптурата Мажот кој оди I од Алберто Џакомети е продадена во Лондон за 65 милиони £, со што стана најскапиот предмет продаден на аукција.[6]
- 10 февруари - на седница на Меѓународниот олимписки комитет во Ванкувер, во пресрет на Зимските олимписки игри 2010, беше одлучено Летните младински олимписки игри во 2014 година да се одржат во Нанѓинг.
- 12 - 28 февруари - во Ванкувер се одржаа 21. Зимски олимписки игри.
- 13 февруари - воените сили на ИСАФ ја започнаа операцијата Моштарак во провинцијата Хелмад во Авганистан.
- 19 февруари - Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија одлучи, хемискиот елементи со реден број 112 да го нарече „копернициум“, со ознака „Cp“ во чест на полскиот научник Никола Коперник.[7]
- 27 февруари - земјотрес со јачина од 8,8 степени според моментната магнитудна скала го погоди Чиле, при што 497 лица го загубија животот.[8]
март
[уреди | уреди извор]- 12 март - во бомбашки напади во Лахор, Пакистан, најмалку 72 лица го загубија животот.[9]
- 16 март - во пожар изгоре гробницата Касуби во Уганда, која се наоѓаше на списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.[10]
- 18 март - рускиот математичар Григори Перелман ја доби Милениумската награда за неговиот доказ на Поанкаровата хипотеза.[11]
- 20 март - во Ватикан беше објавено пасторално писмо на папата Бенедикт XVI, со кое тој им се извини на жртвите од педофилијата на свештениците од ирската католичка црква.[12]
- 22 март - компанијата Google го пренасочи доменот .cn на својот опслужувач во Хонгконг и ги прекина истражувањтата во НР Кина.
- 28 март - Русија укина две часовни појаси, со што бројот на часовни појаси во земјата се намали од 11 на 9, по укинувањето на самарското и камчатското време.[13]
- 29 март - во бомбашки напади во московското метро, 40[14] лица го загубија животот, а 102 и беа повредени.[15]
- 30 март - големиот судирач на честички на CERN ја создаде најголемата енергија, при судир на честички, која некогаш била создадена од човекот.[16]
април
[уреди | уреди извор]- април - повеќе од 100 лица го загубија животот во поплавите, кои причинија и лизгаште на земјиштето во бразилската држава Рио де Жанеиро.[17]
- 4 април - децата во Индија се стекнаа со слободно и задолжително право на образование.
- 6-7 април - претседателот на Киргистан, Курманбек Бакиев поднесе оставка, по бунтот на опозицијата и дводневните немири во кои најмалку 74[18] лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи го загубија животот.[19]
- 8 април - во Прага, претседателот на Русија, Дмитриј Медведев, и претседателот на САД, Барак Обама, го потпишаа договорот СТАРТ 3, за намалување на јадреното вооружувње во светот.[20]
- 10 април - во авионска несреќа во близина на градот Смоленск во Русија, 96 лица го загубија животот, меѓу кои и полскиот претседател Лех Качињски, со сопругата Марија Качињска, но и други видни полски функционери.[21]
- 13 април - земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди кинеската провинција Чинхаи, во кој најмалку 2.000[22] лица го загубија животот, а повеќе од 12.000[22] беа повредени.[23]
- 14 април - ерупција на вулканот Ејафјатлајекитл на Исланд предизвика создавање на облак од пепел, кој во наредните денови се прошири во поголемиот дел од Европа, предизвикувајќи застој во воздушниот сообраќај.[24]
- 17 април - ден на жалост во Македонија поради смртта на полскиот претедател Лех Качињски.[25]
мај
[уреди | уреди извор]- 1 мај – 30 октомври – во Шангај се одржа Експо 2010, на кое беше забележана рекордна посетеност.[26]
- 6 мај - научниците, кои работат на проектот за решавање на прашањето за неандрталскиот геном објавија дека е можно неандрталците и луѓето да имале меѓусебни односи, што го поткрепија со фактот дека и двата вида се генетски слични, но сепак нивната блискост не може целосно да се утврди.[27]
- 12 мај - авион на компанијата Африкија Еирвејс се урна на пистата на аеродромот во Триполи, при што 103 лица го загубија животот, а само едно лице се спаси.[28]
- 20 мај - пет уметнички дела вредни 100 милиони евра беа украдени од Музејот на современа уметност на градот Париз.[29]
- 20 мај - научниците го создадоа првиот синтетички организам во светот.[30]
- 31 мај - воените сили на Израел нападнаа флотила со хуманитарна помош за појасот Газа, при што 9 лица го загубија животот, а околу 70 лица беа повредени, вклучувајќи десетина припадници на израелските воени сили.[31]
- 31 мај - Хорст Келер поднесе оставка на функцијата претседател на Германија поради критиките кои ги доби за неговите забелешки за вклученоста на Германија во војната во Авганистан.[32]
јуни
[уреди | уреди извор]- 3 јуни - започна проектот Марс 500, кој претставува симулација на лет до Марс, во рамките на кои шестчлен екипаж приземјен ќе живее 520 дена во специјално создадени услови за таа намена.[33]
- 5 јуни - научниците од НАСА објавија дека од меѓупланетната станица Касини се забележани признаци на живот на сателитот на планетата Сатурн, Титан.[34]
- 10 - 13 јуни - најмалку 170 луѓе го загубија животот во меѓуетничките судири меѓу Киргизите и Узбеците во градот Ош во Киргистан.[35]
- 11 јуни – 11 јули – во Јужна Африка се одржува 19. светско првенство во фудбал.
- 25 - 26 јуни - во Хантсвил, Канада се одржа 36. самит на Г8.[36]
- 26 - 27 јуни - во Торонто се одржа 4. самит на Г20.[37]
- 27 јуни - претседателите на Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово потпишаа согасност за создавање на зона за слободна трговија.
јули
[уреди | уреди извор]- 1 јули - Белгија го презеде од Шпанија претседателството со Европската унија.
- 11 јули - во Океанија и делови од Јужна Америка можеше да се набљудува целосно затемнување на сонцето, со период на повторување кој изнесува 146 сароси.[38] Ова беше првото целосно затемнување на Сонцето видено од островите во Француска Полинезија по 350 години.
- 19 јули - пред својот дом во Атина е убиен грчкиот новинар Сократис Голијас, со што стана првиот новинар убиен по 1985 година.[39]
- 21 јули - Словенија стана 32. земја-членка на ОЕЦД.[40]
- 22 јули - Меѓународниот суд на правдата во Хаг ја потврди законитоста за едностраното прогласување независност на Косово од Србија.[41]
- 24 јули - во стампедо, коешто настана за време на одржувањето на љубовната парада во германскиот град Дисбург, 21[42] лице го загуби животот, а 511 беа повредени.[43]
- 26 јули - август - во најголемите поплави во историјата на Пакистан, кои го погодија северниот дел од земјата, најмалку 1.600 лица го загубија животот, 1,8 милиони луѓе останаа без домови, а загрозени беа 14 милиони луѓе.[44] Според проценките на Обединетите Нации, оваа катастрофа е поголема од Земјотресот во Индискиот Океан во 2004, Земјотресот во Кашмир во 2005 и Земјотресот во Хаити 2010 заедно.[45]
- 29 јули - Малави го смени државното знаме.[46]
- крај на јули - август - во пожарите кои ја зафатија Русија, 53 лица го загубија животот.[47] Москва, со денови беше облеана во густ чад, од кој секојдневно умираа по 700 луѓе.[48]
август
[уреди | уреди извор]- 3 август - комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО додаде 21 објект во списокот на светското културно наследство.
- 8 август - најмалку 337 лица го загубија животот, а 1.148 се прогласени за исчезнати во лизгање на земјиште во провинцијата Гансу во северозападна Кина.[49]
- 10 август - Светската здравствена организација објави дека пандемијата на свински грип е завршена, што се огледа во намалувањето на бројот на заразени, кој се изедначил со просечниот годишен број.[50]
- 14 - 26 август - во Сингапур се одржаа I Летни младински олимписки игри.
- 23 август - во заложничка драма во туристички автобус во Манила, девет лица биле убиени, меѓу кои и држачот на заложниците, Роландо Мендоса.[51]
- 29 август - вулканот Синабунг на островот Суматра еруптираше по повеќе од 400 години.[52]
- 30 август - осум лица биле убиени (меѓу кои и убиецот кој се самоубил), а 14 повредени по истрели од автоматска пушка во Братислава.[53]
септември
[уреди | уреди извор]- 4 септември - во 130 градови во Франција се одржаа масовни протести против иселувањето на Ромите од земјата.[54]
- 12 септември - во Турција се спроведе референдум по прашањето за воведување уставни измени, при што поголем број граѓани се изјаснија „За“.[55]
- 16 септември - папата Бенедикт XVI ја посети Велика Британија, што претставува прва посета на поглаварот на римокатоличката црква на островската земја по воспоставувањето на британско-ватиканските односи.[56]
- 28 септември - во Пјонгјанг се одржа првата конференција на Работничката партија на Кореја во последните 44 години, на која Ким Џонг Ил, повторно беше избран за нејзин претседател, додека неговиот најмлад син, Ким Џонг Ун, стана потпретседател на Централниот воен комитет.[57]
- 28 септември - претседателот на Русија, Дмитриј Медведев го разреши градоначанлинкот на Москва, Јури Лужков, поради загубената доверба во него.[58]
- 30 септември - во немирите во Кито, полицијата го зазела парламентот, а го нападнала и претседателот на државата, Рафаел Кореја, кому му била укажана лекарска помош. Како последица на настанот, протести биле одржани и во другите поголеми градови во Еквадор.[59]
октомври
[уреди | уреди извор]- 1 октомври - Уставниот суд на Украина ја поништи уставната реформа од 2004 година поради незаконитост, со што уредувањето на земјата повторно стана полупретседателско.[60]
- 10 октомври - Холандските Антили престанаа да постојат, при што островите Бонер, Саба и Синт Еустатиус станаа специјални општини, додека Курасао и Синт Мартен независни држави во рамките на Холандија.[61]
- 13 октомври - сите 33 рудари, кои на 5 август 2010 беа затрупани во рудникот Сан Хосе, на длабочина од 700 метри, се извлечени на површина.[62]
- 17 октомври - папата Бенедикт XVI прогласи шест блажени за светци.
- 21 октомври - Мјанмар го смени официјалното име од „Унија Мјанмар“ во „Република Мјанмарска Унија“, а државата доби ново знаме и нова химна.[63]
- 25 октомври - како последица на силниот земјотрес кој предзвика цунами, кои го погодија брегот на индонезискиот остров Суматра, најмалку 400[64] лица го загубија животот, а најмалку 300[64] беа прогласени за исчезнати.[65]
- 26 октомври - сè уште - во неколку ерупции на вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава, најмалку 240[66] лица го загубија животот.[67]
ноември
[уреди | уреди извор]- 4 ноември - авион на компанијата Аерокарибијан, кој полетал од Хавана, се урна во централна Куба, при што загинаа сите 68 патници, меѓу кои и 7 членови на екипажот.[68]
- 11 - 12 ноември - во Сеул се одржа 5. самит на Г20. Јужна Кореја стана првата земја-домаќин, која не е членка на Г8.[69]
- 13 ноември - мјанмарската опозициска политичарка, Анг Сан Су Чи, беше ослободена од домашен притвор.[70]
- 17 ноември - научниците во ЦЕРН успеаја да задржат 38 антиводородни атоми, секој за една шестина од секундата, со што за првпат во историјата беше задржана антиматерија.[71]
- 20 ноември - папата Бенедикт XVI назначи 24 нови кардинали.[72]
- 22 ноември - во стампедото во Пном Пен, кое настана за време на одржувањето на фествалот на водата во Камбоџа, загинаа 456[73] лица, а 395[73] беа повредени.
- 23 ноември - Северна Кореја го гранатираше јужнокорејскиот остров Јенпјенг. Нападот беше проследен со реакции од многу земји во светот, а од страна на Обединетите Нации беше прогласен за еден од најсериозните инциденти по завршувањето на Корејската војна.[74]
декември
[уреди | уреди извор]- 2 декември - научниците на НАСА го објавија откривањето на бглумецијата GFAJ-1, која во отсуство на фосфор е способна да го вгради елементот арсен во своите органски микромолекули, па дури и во ДНК.
- 8 декември - во пожар во затвор во чилеанската престолнина, 83 лица го загубија животот.[75]
- 18 декември - сè уште - во Тунис се одржуваат масовни демонстрации и протести поради назадоволството околу невработеноста во земјата, поскапувањето на прехранбените производи, корупцијата, слободата на говорот и лошите услови на живот. Во нередијата загинаа најмалку 200 луѓе, а над 90 се повредени.
- 21 декември - целосно затемнување на Месечината кое можеше да се набљудува на далечниот исток и во Северна Америка.
- 25 декември - во терористички напад во пакистанскиот град Кхар, 45 лица го загубија животот, а повеќе од 100 беа повредени.
- 30 декември - поранешниот премиер на Израел, Моше Кацав, беше прогласен за виновен за силување и сексуално малтретирање.
Починати
[уреди | уреди извор]- 8 јануари - Славка Манева (р. 1934), македонска писателка.
- 27 јануари - Џ. Д. Селинџер (р. 1919), американски писател.
- 7 февруари - Михаило Марковиќ (р. 1923), југословенски и српски филозоф.
- 10 февруари - Габриела Конеска Трајковска (р. 1971), поранешен вице премиер за евроинтеграции во Владата на Република Македонија (2006-2008).
- 11 февруари - Александар МекКвин (р. 1969), британски моден творец.
- 12 февруари - Нодар Кумариташвили (р. 1988), грузиски санкач.
- 4 март - Владислав Арѕинба (р. 1945), апхаски политичар и прв претседател на Абхазија.
- 16 март - Ефтим Манев, македонски поет и преведувач.
- 27 март - Василиј Смислов (р. 1921), советски и руски шахист, поранешен светски првак во шах (1957-1958).
- 10 април - Лех Качињски (р. 1949), претседател на Полска.
- 21 април - Хуан Антонио Самаранч (р. 1920), поранешен претседател на Меѓународниот олимписки комитет.
- 5 мај - Умару Јарадуа (р. 1951), претседател на Нигерија.
- 7 мај - Светозар Стојановиќ (р. 1931), југословенски и српски филозоф.
- 9 мај - Кирил Бујуклиев, македонски поет.
- 22 мај - Гане Тодоровски (р. 1929), македонски писател и член на МАНУ.
- 1 јуни - Андреј Вознесенски (р. 1933), руски поет.
- 18 јуни - Димче Беловски (р. 1923), македонски дипломат.
- 18 јуни - Жозе Сарамаго (р. 1922), португалски писател и новинар.
- 26 јуни - Алгирдас Бразаускас (р. 1932), прв демократски избран претседател на Литванија.
- 8 јули - Крум Томовски, македонски академик.
- 15 јули - Петар Стојковски-Бабец, македонски глумец и режисер.
- 27 јули - Димитар Циев, прв селектор на Македонската одбојкарска репрезентација.
- 22 август - Стјепан Бобек (р. 1923), југословенски фудбалер.
- 28 август - Синан Хасани (р. 1922), југословенски писател и поранешен претседател на СФР Југославија.
- 28 септември - Михаил Левенски, македонски поет.
- 29 септември - Тони Кертис (р. 1925), американски глумец.
- 7 октомври - Милка Планинц (р. 1924), југословенска политичарка.
- 7 октомври - Љупчо Јордановски (р. 1953), македонски сеизмолог и политичар.
- 10 октомври - Џоан Сатерленд (р. 1926), австралиска оперска пејачка.
- 14 октомври - Беноа Манделброт (р. 1924), француски математичар.
- 27 октомври - Нестор Кирхнер (р. 1950), аргентински политичар и поранешен претседател на Аргентина.
- 29 октомври - Роберт Јаки (р. 1950), македонски фотограф.
- 30 октомври - Хари Мулиш (р. 1927), холандски писател.
- 2 ноември - Никола Узунов (р. 1930), македонски општественик.
- 28 ноември - Лесли Нилсен (р. 1926), канадски глумец.
- 29 ноември - Бела Ахмадулина (р. 1937), руска поетеса.
- 10 декември - Андон Андонов (р. 1924), македонски дисидент.
- 26 декември - Димитар Зози (р. 1952), македонски филмски и тератарски глумец.
- 28 декември - Атина Бојаџи (р. 1944), македонска маратонка во пливање.
Добитници на Нобелова награда
[уреди | уреди извор]- Медицина и физиологија - Роберт Џефри Едвардс.[76]
- Физика - Андреј Гејм и Константин Новоселов.[77]
- Хемија - Ричард Фред Хек, Еичи Негиши и Акира Сузуки.[78]
- Литература - Марио Варгас Љоса.[79]
- Мир - Лиу Сјаобо[80]
- Економија - Питер Дајмонд, Дејл Питерсон и Христофорос Писаридис.[81]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Во Дубаи свечено отворена највисоката зграда во светот Архивирано на 25 август 2011 г., МИА, 4 јануари 2010
- ↑ Фудбалерите на Того нападнати, четворица мртви, А1, 9 јануари 2010
- ↑ Силен земјотрес го погоди Хаити, центарот на Порт-о-Пренс речиси целосно уништен Архивирано на 23 август 2011 г., МИА, 13 јануари
- ↑ Милиони луѓе го набљудуваа затемнувањето на Сонцето Архивирано на 7 март 2016 г., МИА, 15 јануари 2010
- ↑ Мехмет Али Агџа, кој се обиде да го убие папата Јован Павле II, ослободен од затвор Архивирано на 7 март 2016 г., МИА, 18 јануари 2010
- ↑ Бронзена скулптура е продадена на аукција за 65 милиони фунти Архивирано на 27 август 2011 г., МИА, 4 февруари
- ↑ Во чест на Никола Коперник - нов хемиски елемент копернициум Архивирано на 26 август 2011 г., МИА, 25 февруари
- ↑ Gobierno entregó lista de 497 fallecidos en el terremoto
- ↑ Shah, Saeed (12 март 2010). „Lahore bombing is Pakistan's bloodiest this year“. The Guardian. Лондон, Обединето Кралство. Посетено на 12 март 2010.
- ↑ [http://www.newvision.co.ug/D/8/12/713151 Buganda�s royal tombs in Kasubi burnt] Архивирано на 22 март 2010 г., The New Vision, 16 март 2010
- ↑ Prize for Resolution of the Poincaré Conjecture Awarded to Dr. Grigoriy Perelman Архивирано на 31 март 2010 г., Прес-конференција на математичкиот институт Клеј
- ↑ Папата им се извини на жртвите на педофилија во Ирска[мртва врска], TIME.mk, 20 март 2010
- ↑ Русија укина две часовни појаси[мртва врска], Макфакс, 28 март 2010
- ↑ СПИСКИ погибших и пострадавших при взрывах в метрополитене г. Москва 29.03.2010 г. Архивирано на 4 април 2010 г., Министерство за вонредни ситуации на Русија, 29 март 2010
- ↑ „Жени-бомбаши зад нападите во Москва“, BBC, 29 март 2010
- ↑ Успешен научен експеримент во ЦЕРН, BBC, 30 март 2010
- ↑ Над сто жртви во поплавите во Бразил, Сител, 7 април 2010
- ↑ Жертвами столкновений в Киргизии стали 74 человека, РИА Новости, 8 април 2010
- ↑ Големи протести во Киргистан, BBC, 7 април 2010
- ↑ Обама и Медведев го потпишаа новиот „старт“, А1, 8 април 2010
- ↑ Во авионска несреќа загина Лех Качински со владина делегација, А1, 10 април 2010
- ↑ 22,0 22,1 Оддадена почит на жртвите во земјотресот во Кина Архивирано на 27 август 2011 г., МИА, 21 април 2010
- ↑ Силен земјотрес ја погоди Кина[мртва врска], Кирилица, 14 април 2010
- ↑ Вулканска пепел ги затвора аеродромите, BBC, 15 април 2010
- ↑ Денес во Македонија ден на жалост[мртва врска], Кирилица, 17 април 2010
- ↑ Се затвора Светскиот саем, честитки и од Бан Ки Мун Архивирано на 21 јануари 2012 г., Макфакс, 31 октомври 2010
- ↑ Scientists sequence the Neanderthal genome Архивирано на 8 мај 2010 г., TIME, 6 мај 2010
- ↑ Авионска несреќа во Триполи, загинаа 103 лица Архивирано на 21 август 2011 г., МИА, 12 мај 2010
- ↑ Од музеј во Париз украдени пет ремек дела вредни 500 милиони евра Архивирано на 24 август 2011 г., МИА, 20 мај 2010
- ↑ Создаден „вештачки живот“, BBC, 21 мај 2010
- ↑ Израелците нападнаа хуманитарен конвој[мртва врска], Макфакс, 31 мај 2010
- ↑ Германскиот претседател поднесе оставка, BBC, 31 мај 2010
- ↑ Започна симулацијата на лет до Марс[мртва врска], Телеграф, 4 јуни 2010
- ↑ „На спутнике планеты Сатурн Титане обнаружены признаки жизни“. Ехото на Москва. 5 јуни 2010.
- ↑ Етничките судири во Киргистан однесоа 170 човечки животи[мртва врска], Net Press, 13 јуни 2010
- ↑ Самит на Г8 во Канада Архивирано на 30 август 2011 г., Алфа ТВ, 25 јуни 2010
- ↑ Почна Самитот на Г-20 во Торонто Архивирано на 22 август 2011 г., МИА, 27 јуни 2010
- ↑ Затемнување на Сонцето во Чиле[мртва врска], Кирилица, 12 јули 2010
- ↑ Убиен грчки новинар Архивирано на 4 февруари 2012 г., Макфакс,19 јули 2010
- ↑ Slovenia's accession to the OECD Архивирано на 25 јули 2010 г., официјално мрежно место на ОЕЦД
- ↑ Независноста на Косово е законска[мртва врска], Вест, 23 јули 2010
- ↑ Бројот на жртвите во технопарадата во Дисбург нарасна на 21 Архивирано на 23 август 2011 г., Алфа ТВ, 28 јули 2010
- ↑ Најмалку 19 загинати на парадата во Дисбург Архивирано на 29 јули 2010 г., Форум, 25 јули 2010
- ↑ Расте бројот на загинати луѓе во поплавите во Пакистан Архивирано на 22 август 2011 г., МИА, 11 август 2010
- ↑ ОН: Поплавите во Пакистан полоши од претходните три катастрофи заедно, А1, 10 август 2010
- ↑ Malawi fly new modified flags despite public outcry Архивирано на 4 август 2010 г., Nyasa Times, 1 август 2010
- ↑ Билансот на загинатите во пожарите во Русија достигна 53 лица, Сител, 11 август 2010
- ↑ Дневно по 700 жртви на чадот во Москва Архивирано на 1 август 2013 г., Дневник, 9 август 2010
- ↑ Најмалку 337 лица загинаа во лизгањето на земјиштето во Кина Архивирано на 20 август 2011 г., МИА, 9 август 2010
- ↑ Официјално заврши пандемијата на свинскиот грип[мртва врска], Форум, 10 август 2010
- ↑ Осум хонгконгшки заложници убиени во заложничката драма во Манила Архивирано на 26 август 2011 г., МИА, 23 август 2010
- ↑ Вулкан на островот Суматра се активира по 400 години Архивирано на 22 август 2011 г., МИА, 29 август 2010
- ↑ Осум загинати во масакр во Братислава, А1, 30 август 2010
- ↑ Илјадници Французи протестираа против „ксенофобската“ политика на претседателот Никола Саркози Архивирано на 27 август 2011 г., МИА, 4 септември 2010
- ↑ Турците ги поддржаа уставните промени[мртва врска], Кирилица, 13 септември 2010
- ↑ „Историска посета“ на Папата во Велика Британија[мртва врска], Кирилица, 16 септември 2010
- ↑ Ким Џонг-ун, наjмладиот син на севернокроејскиот водач, доби важна партиска функција Архивирано на 23 август 2011 г., МИА, 29 септември 2010
- ↑ Медведев го разреши градоначалникот на Москва[мртва врска], Кирилица, 28 септември 2010
- ↑ Еквадорската полиција го нападна шефот на државата и го зазеде Парламентот Архивирано на 22 август 2011 г., МИА, 30 септември
- ↑ Уставниот суд на Украина ја поништи политичката реформа од 2004 година, МИА, 1 октомври 2010
- ↑ В недела престануваат да постојат Холандските Антили Архивирано на 27 август 2011 г., МИА, 8 октомври 2010
- ↑ Конечно - заврши рударската сага во Чиле Архивирано на 12 јануари 2012 г., Журнал, 14 октомври
- ↑ Мјанмар доби ново име, национално знаме и химна, Канал 5, 21 октомври 2010
- ↑ 64,0 64,1 Повеќе од 400 загинати во цунамито во Индонезија[мртва врска], МИА, 29 октомври 2010
- ↑ Силен земјотрес ја погоди Индонезија Архивирано на 24 август 2011 г., МИА, 25 октомври 2010
- ↑ Најмалку 240 загинати од вулканот Мерапи Архивирано на 12 јануари 2012 г., Журнал 13 ноември 2010
- ↑ Вулканот Мерапи повторно еруптира Архивирано на 23 ноември 2012 г., Журнал 30 октомври 2010
- ↑ Авионска несреќа на Куба, сите 68 патници загинати Архивирано на 22 август 2011 г., МИА, 5 ноември 2010
- ↑ Петти самит на Г-20 во Сеул Архивирано на 26 август 2011 г., МИА, 11 ноември 2010
- ↑ Воената хунта во Мјанмар ја ослободи продемократската водачка Аунг Сан Су Чи Архивирано на 22 август 2011 г., МИА, 13 ноември 2010
- ↑ Научници во ЦЕРН детектираа прв антиматериски атом Архивирано на 20 август 2011 г., МИА, 18 ноември 2010
- ↑ Папата Бенедикт Шеснаесетти назначи 24 нови кардинали Архивирано на 30 јануари 2012 г., Макфакс, 20 ноември 2010
- ↑ 73,0 73,1 Според последниот биланс во стампедото во Камбоџа загинале 456 лица, а 395 се повредени Архивирано на 20 август 2011 г., МИА, 24 ноември
- ↑ Северна Кореја гранатираше јужнокорејски остров, Deutsche Welle, 23 ноември 2010
- ↑ Во пожар во чилеански затвор загинаа 83 лица Архивирано на 23 август 2011 г., МИА, 8 декември 2010
- ↑ The Nobel Prize in Physiology or Medicine 2010 Robert G. Edwards, официјално мрежно место
- ↑ The Nobel Prize in Physics 2010 Andre Geim, Konstantin Novoselov, официјално мрежно место
- ↑ The Nobel Prize in Chemistry 2010 Richard F. Heck, Ei-ichi Negishi, Akira Suzuki, официјално мрежно место
- ↑ The Nobel Prize in Literature 2010 Mario Vargas Llosa, официјално мрежно место
- ↑ The Nobel Peace Prize 2010 Liu Xiaobo, официјално мрежно место
- ↑ The Sveriges Riksbank Prize in Economic Sciences in Memory of Alfred Nobel 2010 Peter A. Diamond, Dale T. Mortensen, Christopher A. Pissarides, официјално мрежно место