Прејди на содржината

3 август

Од Википедија — слободната енциклопедија

3 август — 215-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (216-и во престапна година). Остануваат 150 денови до крајот на годината.

<< август >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
2024
Логото на НБА

Настани:

1492  Италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо којшто работел за шпанскиот кралски двор со бродовите „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“ отпочнал патување за пронаоѓање на морскиот пат кон Индија, а пристигнал до Карибите откривајќи ја Америка.
1909  Во Солун почна Основачкиот конгрес на Народната федеративна партија на која беа усвоени правците и задачите на партијата и беше избрано партиско раководство на чело со Димитар Влахов.
1914  Германија во Првата светска војна ѝ објави војна на Франција.
1936  Џеси Овенс го освојува својот прв златен медал на олимпијадата во Берлин каде во финалната трка го победува Ралф Меткалф.
1949  Кошаркарската асоцијација на САД го добива името Националната кошаркарска асоцијација (НБА).
1960  Нигер се стекнува со независност од Франција.
2002  Турција ја укинува смртната казна
2013  Хасан Рухани доаѓа на функцијата претседател на Иран

Родени:

1832  Иван Зајцхрватски композитор.
1882  Алојз Градниксловенечки поет.
1916  Хосе Мануел Морено — аргентински фудбалер.
1926  Тони Бенетамерикански пејач.
1940  Роско Мичел — американски џез-музичар.
1940  Мартин Шин — американски глумец.
1952  Освалдо Ардилес — аргентински фудбалер.
1959  Коичи Танакајапонски хемичар, добитник на Нобеловата награда.
1963  Џејмс Хетфилд — американски рок-музичар, член на групата „Металика“ (Metallica).
1975  Феликс Брих — германски фудбалски судија.
1979  Еванџелин Лиликанадска глумица.
1982  Виктор Хрјапа — руски кошаркар.
1983  Камерон Вурф — австралиски велосипедист.
1983  Чезаре Бенедети — италијански велосипедист.
1984  Рајан Лохти — американски пливач.
1986  Дарја Домрачева — белоруска биатлонка.
1989  Сем Хачинсон — англиски фудбалер.
1994  Корентан Толисо — француски фудбалер.
1994  Емерсон Палмиери — италијански фудбалер.
1995  Иљја Власов — руски одбојкар.

Починале:

1857  Ежен Сифранцуски писател.
1902  Лазар Москов — македонски револуционер.
1924  Џозеф Конрадбритански писател со полско потекло, автор на „Срце на темнината“.
1979  Бертил Олин — шведски економист и политичар.
1995  Ида Лупино — англиско-американска глумица, режисерка и продуцентка.