Кеплер-186
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 54м [2] | 36,6536с
Деклинација | +43° 57′ [2] | 18,0259″
Прив. величина (V) | 15,29[3] |
Особености | |
Спектрален тип | M1V[4] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: 2,099 ± 0,041[2] млс/г Дек.: −4,361 ± 0,042[2] млс/г |
Паралакса (π) | 5.6020 ± 0.0244[2] млс |
Оддалеченост | 582 ± 3 сг (178,5 ± 0,8 пс) |
Податоци | |
Маса | 0,544 ± 0,02[4] M☉ |
Полупречник | 0,523 ± 0,02[4] R☉ |
Сјајност (болометриска) | 0,055 +0.011 −0.006[4] L☉ |
Температура | 3.755 ± 90[4] K |
Вртење | 34,404 ± 0,075[5] |
Старост | 4,0 ± 0,6[4] Гг. |
Други ознаки | |
Кеплер-186 — црвено џуџе од главната низа од спектрален тип M1, на растојание од 178,5 парсеци (582 светлосни години) во соѕвездието Лебед. Ѕвездата е малу поладна од Сонцето, со половина од металичноста. Познати се пет планети во орбита околу ѕвездата, вклучувајќи ја и првата забележана планета со големина на Земјата во животопогодниот појас: Кеплер-186f.[6] Ѕвездата е домаќин и на други четири планети, но Кеплер-186 b, c, и d се премногу блиску до ѕвездата, но e во близина на внатрешниот раб на животопогодниот појас.
Ѕвезда
[уреди | уреди извор]Направени се бројни мерења со кои се определени бројни параметри на ѕвездата.[7][8] Во инфрацрвениот/микробрановиот ЕМ-спектар[1] нејзиниот H-појас е со величина 11,605, J-појас со величина од 12,473 и K-појас со величина 11,605. Во видливиот фотометрички систем величината е 14,90(R)(кон црвено во видливиот дел на спектарот) и 16,40(B)(кон синиот дел на спектарот)[7] (Погледајте привидна величина.) Станува збор за BY Змеј променлива менувајќи ја својата сјајност минимално, најверојатно поради ѕвездени дамки, со период од 33,695 денови.[9]
Ѕвездата е црвено џуџе на граница да стане портокалово џуџе, со маса приближно половин од масата на Сонцето, со густина ~1.59 x 105 кг/м3.
Откривање на планетарниот систем
[уреди | уреди извор]По собирање на податоци во текот на две години, најдени се сигнали за постоење на внатрешни планетарни кандидати. разговори за планетите во системот се воделе во текот на август и ноември 2013 година.[10] Во февруари 2014 година, биле потврдени планетитепреку повеќе различни методи. Петтиот најдалечен кандидат бил потврден на ист начин во април 2014 година.[11] Можноста сигналите да потекнуваат од други сигнали биле отфрлени преку истражувањата на Кековата и опсерваторијата Џемини, користејќи спекл интерферометрија и техники на адаптивна оптика, која, не била во можност да ги раздели планетите од ѕвездата, но биле доволни за да се отфрлат другите можности за сигналите.[12]
Планетарен систем
[уреди | уреди извор]Придружници | Маса | Голема полуоска (ае) |
Орбитален период (денови) |
Занесеност | Наклон | Полупречник |
---|---|---|---|---|---|---|
b | — | 0,0378 | 3,8867907 | <0,24 | 83,65° | 1,08 R⊕ |
c | — | 0,0574 | 7,267302 | <0,24 | 85,94° | 1,25 R⊕ |
d | — | 0,0861 | 13,342996 | <0,25 | 87,09° | 1,39 R⊕ |
e | ~2,29 M⊕ | 0,1216 | 22,407704 | <0,24 | 88,24° | 1,33 R⊕ |
f | ~1,4 M⊕ | 0,356 | 129,9444 | <0,04 | 89,9° | 1,17 R⊕ |
Петте планети забележани во орбита околу Кеплер-186 се очекува да имаат цврста површина. Најмалата, Кеплер-186b, е за само 8% поголема од Земјата, додека пак најголемат, Кеплер-186d, е скоро 40% поголема.
Првите четири планети се најверојатно плимно сврзани, но Кеплер-186f е поделеку, каде плимните ефекти на ѕвездата се послаби, па не успеале доволно да ја успорат планетата. Поради спориот развој на црвените џуџиња, работ на системот Кеплер-186 е слабо дефиниран, но се верува дека ѕвездате веројано постара од неколку милијарди години.[13] Шансите планетата да е плимно сврзана се 50-50. Бидејќи е поблиску до ѕвездата отколку земјата до Сонцето, веројатно ќе се врти многу поспоро од Земјата, деноноќието можно е да трае недели или месеци (Погледајте плимни ефекти на брзина на вртење, наклон и орбита).[14]
Симулациите за создавање на планетите покажале дека можно е да постои уште една дополнителна планета со мала маса која не минува пред ѕвездата меѓу планетите Кеплер-186e и Кеплер-186f. Ако постои оваа планета, веројатно е дека е нешто помасивна од Земјата. ако е помасивна, нејзиното гравитациско влијание би спречило Кеплер-186f да мине пред ѕвездата.[13] Влијание кои го вклучуваат Тициус-Бодевиот закон, (и сличниот Дермотов закон) постои веројатност за уште неколку планети во системот две помали меѓу e и f и уште една поголема подалеку од f.[15]
Малата металичност на ѕвездата од-0.26, или кажано поинаку, половина од онаа на Сонцето,[6] се поврзува со помалата шанза за постоење на планети особено џинови но значителное поголема шансата за постоење на земјовидни планети.[16]
Именување
[уреди | уреди извор]Проект Кеплер
[уреди | уреди извор]Како што се одвивала мисијата Кеплер првичните ознаки за кандидатите биле внесувани во внесниот Кеплеров каталог (KIC), и подоцна преминува во кандидатите за планети односно занимливи Кеплерови тела (KOI). Па така Кеплер-186 имала прво ознака KIC 8120608 а подоцна KOI 571.[17]
Надвор од мисијата Кеплер
[уреди | уреди извор]Надвор од мисијата Кеплер, каталогот на прегледот 2MASS ја каталогизирал оваа ѕвезда како 2MASS J19543665+4357180.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 SIMBAD, KIC8120608
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
- ↑ Souto, Diogo; и др. (2017). „Chemical Abundances of M-dwarfs from the APOGEE Survey. I. The Exoplanet Hosting Stars Kepler-138 and Kepler-186“. The Astrophysical Journal. 835 (2): 239. arXiv:1612.01598. Bibcode:2017ApJ...835..239S. doi:10.3847/1538-4357/835/2/239.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Kepler-186 f“. NASA Exoplanet Archive. Посетено на 19 July 2016.
- ↑ McQuillan, A.; Mazeh, T.; Aigrain, S. (2013). „Stellar Rotation Periods of The Kepler objects of Interest: A Dearth of Close-In Planets Around Fast Rotators“. The Astrophysical Journal Letters. 775 (1). L11. arXiv:1308.1845. Bibcode:2013ApJ...775L..11M. doi:10.1088/2041-8205/775/1/L11.
- ↑ 6,0 6,1 Quintana, E. V.; Barclay, T.; Raymond, S. N.; Rowe, J. F.; Bolmont, E.; Caldwell, D. A.; Howell, S. B.; Kane, S. R.; Huber, D.; Crepp, J. R.; Lissauer, J. J.; Ciardi, D. R.; Coughlin, J. L.; Everett, M. E.; Henze, C. E.; Horch, E.; Isaacson, H.; Ford, E. B.; Adams, F. C.; Still, M.; Hunter, R. C.; Quarles, B.; Selsis, F. (2014-04-18). „An Earth-Sized Planet in the Habitable Zone of a Cool Star“. Science (journal). 344 (6181): 277–280. arXiv:1404.5667. Bibcode:2014Sci...344..277Q. doi:10.1126/science.1249403. PMID 24744370. free version = http://www.nasa.gov/sites/default/files/files/kepler186_main_final.pdf Архивирано на 18 април 2014 г.
- ↑ 7,0 7,1 VizieR Detailed Page for 2MASS 19543665+4357180, "This publication makes use of data products from the Two Micron All Sky Survey, which is a joint project of the University of Massachusetts and the Infrared Processing and Analysis Center/California Institute of Technology, funded by the National Aeronautics and Space Administration and the National Science Foundation."
- ↑ VizieR Detailed Page, KIC 8120608, Kepler Input Catalog (Kepler Mission Team, 2009)
- ↑ „KIC 8120608“. The International Variable Star Index, Version 1.1 [C]. American Association of Variable Star Observers (AAVSO). Посетено на April 19, 2014.
- ↑ Glister, Paul (5 November 2013). „Earth-Sized Planets in Habitable Zone Common“. Centauri Dreams. Архивирано од изворникот на 19 April 2014. See comment by "Holger 16 November 2013 at 14:21".
^ redakce ["editor"] (6 August 2013). „Kepler (asi) našel obyvatelnou planetu o velikosti Země“ [Kepler (probably) found a habitable planet the size of Earth] (чешки). exoplanety.cz. Архивирано од изворникот на 20 August 2013.
^ „Kepler: Erster Kandidat einer habitablen Exoerde Veröffentlicht“ [Kepler: First candidate of a habitable Exoplanet Published]. Zauber der Sterne [Magic of the stars] (германски). 19 August 2013. Архивирано од изворникот на 27 September 2013.
^ Bovaird, Timothy; Lineweaver, Charles H. (2013). „Exoplanet Predictions Based on the Generalised Titius-Bode Relation“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 435 (2): 14–15. arXiv:1304.3341. Bibcode:2013MNRAS.435.1126B. doi:10.1093/mnras/stt1357. - ↑ Wall, Mike (26 February 2014). „Population of Known Alien Planets Nearly Doubles as NASA Discovers 715 New Worlds“. Space.com. Посетено на 26 February 2014.
- ↑ Elisa Quintana; Steve Howell (Apr 17, 2014). „First potentially habitable Earth-sized planet confirmed by Gemini and Keck Observatories“. Press Release. Gemini Observatory. Посетено на April 23, 2014.
- ↑ 13,0 13,1 Formation, tidal evolution and habitability of the Kepler-186 system, Emeline Bolmont, Sean N. Raymond, Philip von Paris, Franck Selsis, Franck Hersant, Elisa V. Quintana, Thomas Barclay, (Submitted on 16 Apr 2014)
- ↑ Staff. „Kepler 186f - A Planet in the Habitable Zone (video)“. Hangout On-Air. SETI Institute. Архивирано од изворникот на 2014-04-18. Посетено на 2014-04-18.
- ↑ Bovaird, Timothy; Lineweaver, Charles H. (2013). „Exoplanet Predictions Based on the Generalised Titius-Bode Relation“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 435 (2): 14–15. arXiv:1304.3341. Bibcode:2013MNRAS.435.1126B. doi:10.1093/mnras/stt1357.
- ↑ J. S. Greaves; D. A. Fischer; M. C. Wyatt (November 10, 2005). „Metallicity, debris discs and planets“ (PDF). Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 366 (1): 283–286. Bibcode:2006MNRAS.366..283G. doi:10.1111/j.1365-2966.2005.09848.x. ISSN 1365-2966. Посетено на April 20, 2014.
- ↑ Rowe, Jason F.; и др. (2014). „Validation of Kepler's Multiple Planet Candidates. III: Light Curve Analysis & Announcement of Hundreds of New Multi-planet Systems (Revision 8.0)“. The Astrophysical Journal. 784 (1): 45. arXiv:1402.6534. Bibcode:2014ApJ...784...45R. doi:10.1088/0004-637X/784/1/45.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- First Potentially Habitable Terran World Архивирано на 19 април 2014 г., PHL
- NASA's Kepler Discovers First Earth-Size Planet In The 'Habitable Zone' of Another Star, NASA, April 17, 2014
- Kepler-186 at The NASA Exoplanet Archive
|