Кеплер-42
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 28м [1] | 52,5688с
Деклинација | 44° 37′ [1] | 08,990″
Прив. величина (V) | 16,12[2] |
Особености | |
Спектрален тип | M5V[3] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | −84,48±0,2[3] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: 93,126 ± 0,073[1] млс/г Дек.: −417,420 ± 0,067[1] млс/г |
Паралакса (π) | 24.9340 ± 0.0401[1] млс |
Оддалеченост | 130,8 ± 0,2 сг (40,11 ± 0,06 пс) |
Податоци | |
Маса | 0.13±0.05[3] M☉ |
Полупречник | 0.17±0.04[3] R☉ |
Сјајност | 2,40x10−3,0±0.3 L☉ |
Температура | 3068±174[3] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 2,9±0,4[3] км/с |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
KIC | — податоци |
Кеплер-42 или KOI-961 — црвено џуџе во соѕвездието Лебед и приближно на растојание од 131 светлосна година од Сонцето. Ѕвездата има три познати вонсончеви планети, и сите се со помал полупречник од оној на Земјата,[4] а веројатно истото важи и за нивната маса.
Особености
[уреди | уреди извор]Масата на Кеплер-42 е проценета на 0,13 пати од масата на Сонцето, и има полупречник 0,17 пати од оној на Сонцето, односно, само 1,7 пати поголем од оној на гасовитиот џин Јупитер. Поради својот мал полупречник а со тоа и површина, сјајноста на Кеплер-42 е само 0,24% од онаа на Сонцето. Нејзината металичност е една третина од онаа на Сонцето. Кеплер-42 има значително сопствено движење од 431±8 mas/yr.[3] Поради својата мала големина и ниска температура, животопогодниот појас на ѕвездата е многу поблиску до ѕвездата отколку како што е случајот со Земјата и Сонцето.
Планетарен систем
[уреди | уреди извор]На 10 јануари 2012 година, користејќи ги податоците добиени од вселенското летало Кеплер се забележани три планети во премин во орбита околу Кеплер-42. Полупречниците на овие планети се движат приближно од големини слични со Марс и Венера. Планетарниот систем Кеплер-42 е вториот познат систем кој содржи планети со полупречници слични или помали со оној на Земјата (првиот беше системот Кеплер-20 прикажан лево). Орбитите на планетите се исто така збиени, што прави системот (чија матична ѕвезда има полупречник споредлив со оној на некои од жешките Јупитери) да наликува на месечевиот систем на џиновските планети како што се Јупитер или Сатурн отколку што наликува на Сончевиот Систем. И покрај малата големина на планетите и фактот што ѕвездата е една од најтемните ѕвезди во полето на набљудување на Кеплер со потврдени планети, откривањето на овие планети било овозможено од малата големина на ѕвездата, што овозможило планетите да блокираат поголем дел од ѕвездената светлина за време на преминот.
Не се познати сите орбитални параметри за системот. На пример, како и што е случајот со сите планети во преми на кои не им се пресметани параметрите со употреба на други методи, како што е на пример методот на радијална брзина, останува непознато орбиталното занесување.
Засновано на орбитите на планетите, сјаноста и делотворната температура на матичмната ѕвезда, може да се пресметаат рамнотежните температури на планетите. Претпоставувајќи крајно високо албедо од 0.9 and и отсуство на Ефект на стаклена градина, надворешната планета Кеплер-42 d ќе има рамнотежна температура од околу 280 K (7 °C),[5] слична со онаа на Земјата од 255 K (−18 °C).[6] Проценките за познатите планети се претствени подолу во табелата:
Споредбена температура |
Кеплер-42c | Кеплер-42b | Кеплер-42d | Земја |
Планетарна рамнотежна температура |
728 K 455 °C 851 °F |
524 K 251 °C 483.8 °F |
454 K 181 °C 357.8 °F |
255 K −18 °C −0.4 °F |
Наводи:[5][note 2] |
Придружници | Маса | Голема полуоска (ае) |
Орбитален период (денови) |
Занесеност | Наклон | Полупречник |
---|---|---|---|---|---|---|
c | <2,06 M⊕ | 0,006 | 0,45328509 ± 9,7x10−7 | 0 | — | 0,73 ± 0,20 R⊕ |
b | <2,73 M⊕ | 0,0116 | 1,2137672 ± 4.6x10−6 | 0 | — | 0,78 ± 0,22 R⊕ |
d | <0,9 M⊕ | 0,0154 | 1,856169 ± 1,4x10−5 | 0 | — | 0,57 ± 0,18 R⊕ |
Белешки
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Gaia Data Release 2 Vizier catalog entry
- ↑ 2,0 2,1 „Star: KOI-961 – 3 PLANETS“. Extrasolar Planets Encyclopaedia. 2012-01-12. Посетено на 2012-01-12.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Philip S. Muirhead; John Asher Johnson; Kevin Apps; Joshua A. Carter; Timothy D. Morton; Daniel C. Fabrycky; J. Sebastian Pineda; Michael Bottom; Barbara Rojas-Ayala; Everett Schlawin; Katherine Hamren; Kevin R. Covey; Justin R. Crepp; Keivan G. Stassun; Joshua Pepper; Leslie Hebb; Evan N. Kirby; Andrew W. Howard; Howard T. Isaacson; Geoffrey W. Marcy; David Levitan; Tanio Diaz-Santos; Lee Armus; James P. Lloyd (2012). „Characterizing the Cool KOIs III. KOI-961: A Small Star with Large Proper Motion and Three Small Planets“. The Astrophysical Journal (англиски). 747 (2): 144. arXiv:1201.2189. Bibcode:2012ApJ...747..144M. doi:10.1088/0004-637X/747/2/144.
- ↑ 4,0 4,1 „KOI-961: A Mini-Planetary System“. NASA Ames Research Center Kepler, A Search for Habitable Planets. NASA Ames Research Center Kepler. 2012-01-11. Архивирано од изворникот на 2012-05-06. Посетено на 2012-01-11.
- ↑ 5,0 5,1 „Planet Equilibrium Temperature“. Habitable Exoplanets Catalog. Planetary Habitability Laboratory at the University of Puerto Rico. Архивирано од изворникот на 2019-05-11. Посетено на 29 February 2012.
- ↑ „Radiating Equilibrium Temperature“. University of Wisconsin Marathon County - Department of Geology/Geography. Архивирано од изворникот на 3 September 2006. Посетено на 29 February 2012.
- ↑ „How many exoplanets has Kepler discovered?“. 2015-04-09. Архивирано од изворникот на 2017-04-01. Посетено на 2019-07-14.