Прејди на содржината

W75N(B)-VLA2

Од Википедија — слободната енциклопедија
W75N(B)-VLA2
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 20ч 38м &1000000000003648200000036,482с[1]
Деклинација +42° 37′ &1000000000000340900000034,09″[1]
Особености
Спектрален тип Be
Податоци
Маса~9[2] M
Сјајност300 L
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

W75N(B)-VLA2 — масивна протоѕвезда на растојание од околу 4.200 светлосни години од Земјата, и со маса 8 пати поголема[2] и сјајност 300 пати поголема од онаа на Сонцето, набљудувана во 1996 и 2014 година од страна на Многу големата мрежа (VLA). Во 2014 година нејзиниот ѕвезден ветер се променил од компактен сферичен облик во поголем топлински, јонизирачки елиптичен облик, со што се добил увид во многу раните фази на создавањето на масивните ѕвезди.[1][3] Можејќи да се набљудува нејзиниот брз раст како што се случува е единтвена можност, според Хулб ван Лангевелде од Лајденскиот универзитет, еден од авторите на трудот поврзан со ова тело.

Авторите на трудот сметаат дека W75N(B)-VLA2 се создава во густа, гасовита околина, обиколена со тороид од прашина. Ѕвездата непосредно исфрла жежок јонизиран ветер веќе неколку години. Првично ветрот може да се шири во сите насоки создавајќи сферна обвивка, за подоцна да се судри со тороидот од прашина, каде успорува. Постои помал отпор на половите на тороидот па ветрот таму се движи побрзо, со што се добива издолжениот облик.[2]

  1. 1,0 1,1 1,2 Carrasco-Gonzalez, C.; Torrelles, J. M.; Canto, J.; Curiel, S.; Surcis, G.; Vlemmings, W. H. T.; Van Langevelde, H. J.; Goddi, C.; Anglada, G.; Kim, S. - W.; Kim, J. - S.; Gomez, J. F. (2015). „Observing the onset of outflow collimation in a massive protostar“. Science. 348 (6230): 114–7. arXiv:1507.05285. Bibcode:2015Sci...348..114C. doi:10.1126/science.aaa7216. PMID 25838383.
  2. 2,0 2,1 2,2 phys.org: VLA images 18 years apart show dramatic difference in young stellar system, 2 April 2015
  3. BBC News: Star's birth glimpsed 'in real time', 3 April 2015